Груби на Фејсбук

Катна гаража ќе се гради зад поликлиниката Бит Пазар

На просторот зад поликлиниката Бит Пазар ќе се гради катна гаража, а Владата денеска дала зелено светло, во соработка со градоначалникот на Чаир, Висар Ганиу.

Веста ја објави првиот вицепремиер и министер за политички систем, Артан Груби на официјалниот Фејсбук профил.

„Со овој чекор на Владата и Општина Чаир, нашите граѓани ќе можат да ги паркираат своите автомобили во овој многу фреквентен дел од Скопје, без да ги попречуваат или блокираат јавните простори.

Оваа одлука на владата, Општина Чаир треба да ја спроведе согласно Одлуката за вршење на работите за располагање со градежно земјиште сопственост на Република Северна Македонија за Општина Чаир, донесена од страна на Владата“, напиша Груби.

Реакцијата на семејството и блиските во однос на пандемијата е пресуден фактор кој влијае на емотивната состојба, размислувањата и однесувањето на младите.

повеќе

Можеби по нас ќе дојдат некои нови клинци што прегрнати ќе го слушаат мртвиот Џоле и ќе го разберат подобро отколку што го разбравме ние на кои со години жив на глуви уши ни пееше за љубовта.

повеќе

За државата Македонија, Македонците се посебен народ со повеќевековна традиција, кои зборуваат, творат, се радуваат и тагуваат на македонски јазик, веќе со векови, во и надвор од територијата на нашата држава.

повеќе