Ова е прва градинка која се гради во Центар по цели 40 години. Општина Центар во 1974 година ја изгради последната градинка „Раде Јовчевски Корчагин“.
„Градинката „Кочо Рацин“, изградена во 1964 година, беше руинирана и сите овие години не беше санирана. Ѕидовите беа од азбестни, радиоактивни плочи, исклучително штетни за децата. Градинката ќе биде енергетски ефикасна и ќе се гради од високо квалитетен, современ материјал и со звучна заштита и заштита од пожар“, информира општината.
Кујната и храната ќе бидат според ХАСАП стандардите и ќе има капацитет за 500 оброци, со што ќе се снабдуваат и 3-те клона на градинката.
Дворот на градинката ќе биде хортикултурно уреден, а ќе биде набавена и нова опрема за занималните.
Новата градинка, која ја гради „Гранит“, ќе чини 112 милиони денари, средства обезбедени од буџетот на општината. Се очекува градинката да биде готова наредното лето.