Даниел Станчев, сопственикот на фирмата „Инвока груп", која е дел од случајот „Софтвер“, вели дека тие го продале својот систем на Владата, а дали таа потоа го понудила некаде, не знае.
Управата за сообраќајна полиција при Министерството за внатрешни работи на Република Србија, во соработка со ЈП „Патишта Србија“ од август го подобри системот за мерење просечна брзина на сите автопати.
Софтверот на Рашковски, ако беше ставен во употреба, велат од „Инвока груп“, ќе можеше да се мери просечната брзина на неограничен број на делници низ државата, но и да детектира дали возачите поминуваат на црвено, дали добро се престројуваат, дали возат регистрирана или украдена кола, дали претекнуваат на полна линија, користат или не сигурносен појас и дали користат мобилен телефон додека возат. Исто така предвидено е да детектира каде има гужви во сообраќајот и да алармира во мониторинг центарот.
Безбедноста во сообраќајот е најважна, велат од Управата за сообраќајна полиција на Србија по ставањето во функција на новиот систем.
Според последните извештаи на македонското Министерството за внатрешни работи бројот на жртви од сообраќајни несреќи се намалува, но бројката од 125 жртви во 2020 година е загрижувачка.
МВР тврди дека намалениот број на жртви од сообраќајни несреќи се должи на редовни контроли, користење рачни радари... Сепак бројката во просек е речиси двојно поголема од европскиот просек.
Сите досегашни обиди и во Скопје да се воведе таков систем и покрај тоа што се потрошени милиони евра – камерите по скопските и македонските автопатишта скужат само како предупредување и ништо друго.
А.Д.