ЈСП стартува и со виртуелен aвтобуски билет

Целосно е функционална мобилната апликација „Скопска" која претставува замена за неперсонализираната електронска картичка „Скопска", практично таа е виртуелен автобуски билет и е достапен за корисници на „смарт" мобилни телефони со андроид или ИОС оперативен систем, соопшти ЈСП Скопје. И натаму во употреба остануваат картичката „Скопска“, хартиениот билет и можноста да се плати возење со мобилен телефон.

Виртуелниот билет нуди низа поволности, меѓу кои основните, за електронско купување и валидирање на билет, а располага и со алатки (возен ред, мапа на постојки, рута на планирање и друго) кои во голема мера го олеснуваат користењето на јавниот превоз, велат од ЈСП.

Во изминативе неколку месеци апликацијата ги минала сите фази на тестирање и очекувањата на ЈСП се дека нејзините корисници нема да се соочат со проблеми од техничка природа, а во спротивно можат да пријават проблем на [email protected].

„Ја создадовме аликацијата водејќи се со паролата 'Биди во чекор со дигиталниот свет', а како уште една дополнителна поволност за побрзо и поквалитетно користење на услугите на јавниот превоз во градот“, пишува во соопштението.

Од ЈСП додаваат дека и натаму корисниците на јавниот превоз билет можат да купат/валидираат со електронска картичка „Скопска", со опцијата Mobipay (мобилно плаќање), а може да се купи и хартиен билет во билетарниците на ЈСП Скопје.

Работите во Македонија забегаа до тој степен што за нив мора да се пишува отворено, „револуционерно“.

повеќе

Минатата недела во јавноста се актуелизираше дискусијата за концептот на даночната реформа.

повеќе

Војната во Украина ја разоткри вистината за Русија, но и вистината за Европа. 

повеќе