ЈСП со изменет возен ред во случај на блокада на крстосницата кај Дом на печат

ЈСП Скопје информираме дека денеска, во период од 10 до 12 часот, во случај на блокада на крстосницата кај Дом на печат, дел од линиите од јавниот превоз ќе сообраќаат по изменет режим од вообичаениот. Наведено е како ќе сообраќаат автобусите. 

Линии 3, 3А, 3Б, 50 и 50А

• Во насока од Рекорд кон Дом на печат, на раскрсницата на улица „Димитрие Чуповски" и булевар „Климент Охридски" ќе продолжуваат право по улица „Митрополит Теодосиј Гологанов", кај Треска ќе вртат лево по улица „Франклин Рузвелт", па лево по улица „Васил Ѓоргов", десно по булевар „Мајка Тереза" до Клинички центар и Панорама

• Во обратна насока, по булевар „Мајка Тереза" према центар, ќе вртат десно по улица „Јордан Мијалков", кај „Неуромедика" ќе вртат лево по Јужен булевар до раскрсницата кај Тутунски комбинат, потоа лево по улица „11 Октомври" и ќе продолжуваат по своите вообичаени траси

Линии 23, 27, 33, 41А, 43, 44 и 57А
• Во насока од Рекорд кон Клинички центар, на раскрсницата на улица „Димитрие Чуповски" и булевар „Климент Охридски" ќе продолжуваат право по улица „Митрополит Теодосиј Гологанов", на кружниот тек кај Католичка црква ќе се враќаат назад на постојката кај АМСМ, таа ќе биде почетно/крајна постојка за овие линии
• Во обратна насока, од постојката кај АМСМ по улица „Митрополит Теодосиј Гологанов" кон Рекорд и ќе продолжуваат по своите вообичаени траси

Линија 5
• Во насока од Рекорд кон Козле, на раскрсницата помеѓу улица „Димитрие Чуповски" и булевар „Климент Охридски" ќе продолжува право по улица „Митрополит Теодосиј Гологанов", кај Треска ќе врти лево по улица „Франклин Рузвелт", десно по улица „Васил Ѓоргов" и ќе продолжува до Козле
• Во обратна насока, ќе сообраќа по истата изменета траса

Линија 5 А
• Во насока на Клинички центар, на кружниот тек кај Католичка црква ќе се враќа назад и почетно/крајна постојка ќе биде на првата постојка према Ѓорче Петров

Линија 9
• Во насока на Клинички центар, по постојката кај Југодрво ќе врти десно на улица „11 Октомври" до Рекорд, кај раскрсницата помеѓу улица „Димитрие Чуповски" и булевар „Климент Охридски" ќе продолжува право по улица „Митрополит Теодосиј Гологанов", кај Треска ќе врти лево по улица „Франклин Рузвелт", па лево по улица „Васил Ѓоргов", десно по булевар „Мајка Тереза" до Клинички центар
• Во обратна насока, ќе сообраќа по истата изменета траса

Одлучната изборна победа на италијанската десница овозможува нејзиниот лидер да биде првата жена премиер во Италија и прва која тврди дека недвосмислено има постфашистичко потекло.

повеќе

Нов фронт за работа на градежните фирми на веќе изградените згради (и куќи) треба да биде топлинската изолација.

повеќе

Во Македонија не постои никаква забрана за конверзиона терапија, а лиценцираните психолози што може да се јават како спроведувачи или наведувачи на ваква „терапија“, за жал, не сносат никакви последици.

повеќе