Реакција

ЈСП: Нема забрана за лица со попреченост да влегуваат во автобус со своето куче

Нема никаква поинаква одлука од онаа донесена пред две години со која се овозможува лицата со попреченост кои имаат куче - сервис да може да го користат јавниот превоз, велат од ЈСП и најавуваат средба со Александар Велески, за кого денеска Коалицијата Менуваме објави дека му бил забранет влез во автобус со неговото куче и тоа по одлука на Град Скопје и градоначалничката Данела Арсовска.

„Ниту на еден граѓанин не му е ускратено правото за јавен градски превоз. Јавното сообраќајно претпријатие Скопје е јавен сервис кој обезбедува градски превоз за сите граѓани и никогаш немало дискриминација. Нема никаква поинаква одлука од онаа донесена пред две години каде се овозможува лицата со попреченост кои имаат куче сервис да може да го користат јавниот превоз“, реагира Јавното претпријатие.

Во соопштението се вели дека ЈСП во соработка со Град Скопје веќе започна сеопфатна програма за подобрување на условите за превоз во јавниот сообраќај за лицата со попреченост преку поставување ниски платформи за лица со попречености, со што јавниот превоз би станал подостапен за истите.

„Како јавно претпријатие отворени сме за средба со Александар Велески за да ги презентираме нашите планови кои вклучуваат подостапен јавен превоз за лицата со попреченост. ЈСП Скопје и новата градска администрација веќе работат на промените кои ќе донесат подобро за скопјани преку јавен градски превоз што во вистинска смисла значи превоз за сите граѓани“, пишува во соопштението.

Постоењето на еден отпорен, одржлив и правичен систем на храна е нешто што мора да биде столб на секоја агенда која има за цел за климатско ублажување или адаптација.

повеќе

Економската криза е лоша во сите сфери на живеењето, но од неа можеме и да научиме по нешто.

повеќе

Во саботата во јавноста го претставивме предлог-ребалансот на Буџетот за 2022 година, откако истиот беше усвоен од страна на Владата.

повеќе