Протест на приватните автобуски превозници

Јовановски: Влеговме во Град Скопје, автобусите остануваат кај „Мавровка“

Во овој момент влегуваме во Град Скопје, а нашите автобуси остануваат паркирани кај крстосницата во близина на „Мавровка“, изјави за МКД.мк директорот на „Слобода превоз“ Ленин Јовановски. Тој во брзање, бидејќи го затекнавме на влегување во Градот каде тукушто треба да започне седница на Советот, имаше време уште да ни одговори дека засега нема никакво ветување за решавање на нивното барање - исплата на парите што им ги должи Градот, односно ЈСП. „Не знаеме дали денеска ќе има решение на проблемот“, рече Јовановски.

Приватните автобуси на „Слобода превоз" од рано утрово создадоа сообраќаен метеж во центарот на Скопје паркирајќи ги своите автобуси на крстосницата кај „Мавровка". Според најавите што беа дадени претходно, протестот ќе трае до изнаоѓањето на решението за нивното барање.

Минатата недела претставници на приватните превозници имаа средба со координаторите на советничките групи во Советот на Град Скопје на која средба биле изложени не само ставовите на превозниците, туку и биле информирани од Јовановски дека градоначалничката Данела Арсовска изнела невистините тврдења и обвинувања според кои приватните превозници должеле пари затоа што не издавале фискални сметки за продадени билети и дека затаиле данок.

Приватните превозници ниту имале билети ниту можеле да ги продаваат, туку билети имале само билетарниците на ЈСП и возачите на градското претпријатие, рече тогаш Јовановски.

Потоа, за да докаже дека ниту во ЈСП не работат фискалните апарати Јовановски сподели видео на кое се гледа како тој влегува во автобус на ЈСП, купува билет од возачот, од кого бара фискална сметка, а возачот вели дека нема фискален апарат.

Инаку, од утрово центарот на Скопје се соочува со речиси невиден до сега сообраќаен метеж поради блокадата од приватните превозници, но метежот е дополнително зголемен и поради реконструкција на неколку важни скопски сообраќајници.

П.Џ.

Калоѓера не може да премолчи, не може да замиже пред историската вистина на Македонија, па затоа во својот живот се определил да македонствува.

повеќе

Слушањето како способност да го фокусираме вниманието на аудитивните дразби е важен аспект на нашиот живот и значително влијае на неговиот квалитет во сите сегменти.

повеќе

„Ќе дојде ден, кога пазарите отворени за трговија и размена на идеи, ќе бидат единствените борбени полиња“ - Виктор Иго

повеќе