Директорот на „Слобода превоз“ најави

Јовановски: Додека не се седне на маса, остануваат блокадите на градот

За жал, поради односот на градоначалничката на Скопје моравме да кзлеземе на вака организиран протест, рече директорот на „Слобода превоз“ Ленин Јовановски, посочувајќи дека поради долговите и систематскиот негативен, дури и уличарско неодгооворен нејзин однос кон превозниците ваквиот след на настани во Скопје беше неизбежен. Според Ленин, Данела Арсовска си презеде многу специфична улога иако, рече, Град Скопје не е нејзина бавча и ќе мора да работи согласно законите.

Јовановски нагласи дека ако целта ѝ беше да ги исцрпи финансиски приватните превозници со цел да ги исфрли од јавниот превоз и да ангажира други субјекти, дека правно тавките нејзини чекори се неодржливи.

„Таков јавен повик е невозможно да се спроведе и е незаконско, конечно станува збор за бахато однесување со кое се нарушува јавниот интерес на градот. Споменувањето на моето име е некоректно, но тоа мене не ме загрижува лично, туку ме загрижува што се оштетени граѓаните, како и приватните превозници“, рече Јовановски.

На прашањето што да се прави понатаму, Јовановски рече дека блокадите ќе останат постојани додека не се најде решение на проблемот.

„Остануваме на трите големи крстосници, а имаме автобуси и за дополнително проширување на блокадите. Остануваме до седнување на маса и изнаоѓање на решение. Граѓаните треба да знаат дека ние не сме изворот на проблемот, туку е тоа градоначалничката која не водејќи сметка за интересите на граѓаните и интересите на градот. Постојат одлуки на градот, не може хировите да се прекршуваат врз грбот на граѓаните. Ние престанавме да возиме затоа што сме финансиски исцрпени. Возиме 30 години, ги знаеме и прописите и одлуките. Ниту пак имавме добиено одлука за раскинување на договорите со нас. Еднаш беа повлечени одлуките. Денекса и 'Слобода превоз' прими известување за раскинување на договорот“, рече Јовановски.

Тој нагласи дека имаат демократско право на протест, дека не се ниту први, ниту веројатно последни кои протестираат.

„Целта ни е граѓаните да посочат на вистинскиот виновник“, рече Јовановски.

Toj категорично ги отфрли тврдењата дека има и политичка вмешаност во протестот и рече дека проблемот е егзистенцијален.

На крајот тој рече дека не само што јавниот повик за нови приватни превозници не само што правно не е издржан, туку и како што нагласи, „не може од небо да паднат други 250 автобуси.

Според Јовановски, иако Владата не е надлежна за проблемот, дека има авторитет и извршна власт да се вклучи во наоѓање на решение затоа што Скопје и скопјани се Македонија. 

„Ако имаме правосудство, точно ќе се посочи каде е злоупотребата на службената положба“, рече Јовановски посочувајќи повторно на градоначалничката.

Им благодарам на Русите како креатори, но посебно на бугарските послушни  извршители за пропагандата што ја водат против Македонија. Што направија?

повеќе

Деновиве адвокатот Тортевски во дебатна емисија рече дека немаме критична маса за држава. Не знам дали е така, но изгледа немаме критична маса за сериозни дебати и дијалози во општеството. 

повеќе

Светска банка проценува дека за секој долар инвестиран во здравството, државата има бенефит од 4 долари во смисла на зголемена економска продуктивност.

повеќе