ГРАД СКОПЈЕ

Изградбата на новиот кружен тек во населбата Автокоманда во завршна фаза (ФОТО)

Градоначалниците на Град Скопје и општина Гази Баба, Коце Трајановски и Тони Трајковски и претседателот на советот на Град Скопје, Ирена Мишева, денеска извршија увид во градежните работи на изградбата на кружниот тек меѓу улиците „16. Македонска бригада" и „Коце Металец", во населбата Автокоманда.

Со овој проект ќе се изгради нов кружен тек меѓу улиците „16. Македонска бригада“ и „Коце Металец“ со дијаметар на средишниот зелен појас од 60 метри, додека во самиот кружен тек ќе се формираат 2 (две) сообраќајни ленти со вкупна ширина од 9 метри. Како дел од овој проект, ќе се изврши и реконструкција на коловозот на улиците „16.Македонска бригада“ и „Коце Металец“ на потег со вкупна должина од 630 метри, соопштија од Град Скопје.

„На терен е веќе поставена атмосферската канализација, формирана е новата кружна крстосница која се подготвува за асфалтирање, а завршено е и поставувањето на уличното осветлување. Во моментов се работи на поставување на тротоарите каде што се редат бекатон-плочки. Овој нов кружен тек ќе придонесе за побрзо и побезбедно одвивање на сообраќајот и очекувам градежните работи да бидат целосно завршен во јуни“, кажа Трајановски.

На изградба на новиот кружен тек меѓу улиците „16.Македонска бригада“ и „Коце Металец“ работат екипите на градежната компанија „Бауер БГ“, а Градот Скопје за овој градежен зафат ќе потроши околу 45 милиони денари со ДДВ.

Каракачанов: На Бугаринот паметот му доаѓа следниот ден...

повеќе

При еден спор, понижувањето не е добро ниту за победникот, ниту за поразениот; ниту за „победникот“, ниту за „поразениот“.

повеќе

Стравот од неизвесноста што ја носи пандемијата од ковид-19 вирусот, бара да се преструктуираме и да го промениме начинот на нашето однесување и работење.

повеќе