Исчистена дива депонија во скопската населба Топаана

Вчера екипите на ЈП Комунална хигиена-Скопје отстранија повеќе од 60 кубни метри отпад од обемна дива депонија лоцирана во скопската општина Чаир, во населбата Топаана, на раскрсницата меѓу булеварот Македонско-косовска бригада и улицата Џон Кенеди.

 

При реализацијата на активностите беа ангажирани 10 работници на терен, со употреба на специјални комунални возила - подигнувач, багер и две патарки.

И покрај континуираните активности на ЈП Комунална хигиена-Скопје, во реонот на населбата Топаана речиси секојдневно се создаваат диви депонии како резултат на неправилното одлагање на отпадот на јавни и сообраќајни површини. Во текот на првата половина на годината, екипите на претпријатието подигнаа приближно 6.000 кубни метри отпад од диви депонии на територијата на Градот Скопје, соопшти ЈП Комунална хигиена-Скопје.

Во Македонија не постои никаква забрана за конверзиона терапија, а лиценцираните психолози што може да се јават како спроведувачи или наведувачи на ваква „терапија“, за жал, не сносат никакви последици.

повеќе

Доколку чувствуваме дека нашиот труд ќе биде награден со успех, ќе ѝ приоѓаме на околината со апетит, доверба и храброст.

повеќе

Од општи формулации кон конкретни разговори.

повеќе