Совет на општина Центар

Има спас за Треска, општина Центар ја прифати иницијативата за урбанистичко уредување на локацијата

Вчера, на вонредна седница, Советот на општина Центар го усвои Заклучокот со кој се одлучи за начинот за тоа дека по пат на јавен конкурс ќе се уреди локацијата позната како поранешна „Треска".

Одлучувајќи по иницијативата поднесена од група граѓани и архитекти, Советот донесе заклучок со што уште еднаш и општината и градоначалникот Саша Богдановиќ застанаа на страната на жителите и јавноста, соопшти општината.

„За разлика од едно не толку минато време, кога тајно се носеа ДУП-ови во доцните вечерни часови, никнуваа градби и се поставуваа разни споменици на случајно одбрани локации, ова општинско раководство и овој состав на Советот транспарентно и отчетно, со присуство на целата јавност, ја усвои одлуката за распишување на јавен конкурс за урбанистичкото уредување на локацијата, позната како поранешна фабрика Треска, соопшти општина Центар. 

Советниците на општината, со 12 гласа „за”, изгласаа дека по пат на конкурс за урбанистичко решение ќе се решава за изгледот и содржината на она што ќе биде на опфатот на дел од ДУП Градска четврт З 11, локалитет Буњаковец 1 и Буњаковец 2.

За зголемување на степенот на транспарентност пред јавноста, во изборот и оценувањето на доставените конкурсни решенија за локацијата, општината ќе ја вклучи целата стручна јавност – Архитектонскиот факултет, Асоцијација на Архитекти и Комора на архитекти.

„Шарената револуција“ беше енергија и граѓански порив за промени. Малку застранивме.

повеќе

Државниот врв на Србија, вклучително и група лекари кои ја предводат борбата против ширењето на вирусот корона, во најмала рака го игнорираа влошувањето сè додека не заврши гласањето.

повеќе

Како Босна и Херцеговина се справи и се уште се справува со кризата предизвикана од пандемијата? Зошто немавме единствен кризен штаб на ниво на држава? 

повеќе