По експлозијата во Бејрут

И Скопје има потенцијална „бомба“ од лошо складирани хемикалии во ОХИС

 Во дворот на поранешната фабрика ОХИС со години е паркирана цистерна во која сосема несоодветно се оставени 14 тони винил хлорид, вистинска бомба на километар од Скопје, која не може да предизвика експлозија како таа во Бејрут, туку загадување на воздухот со сериозни последици по човековото здравје.

Македонските експерти веќе со години предупредуваат на цистерната со 14 тони винил хлорид која е оставена во дворот на ОХИС. Засега никој не се нафаќа да ја отстрани оваа отровна хемикалија која ако истече може да предизвика опасни испарувања по здравјето на човекот.

Досега повеќе странски компании не се нафатиле безбедно да ја преточат оваа опасна хемикалија во нови буриња за да биде транспортирана за уништување.

Македонската компанија „Екоцентар 97“ е задолжена за чистење на 11-те хемикалии во кругот на ОХИС. Поради пандемијата на коронавирусот засега се прекинати сите активности за евентуалното отстранување на цистерната.

Винил хлорид мономер е само една од десетиците токсични материи од ОХИС, кои со децении се опасност за жителите на главниот град. Винил хлоридот е канцерогена материја која одамна не се користи во Европа, а најчесто се користела за производство на поливинил хлорид или пластика за изработка на садови, играчки, облоги на оловни цевки, изолација на жици и друго. При акутна изложеност на материјата може да дојде до поспаност, печење на очите, иритација на лигавиците и органите за дишење, трнење на екстремитетите, а во тешки случаи може да предизвика кома или смрт.

Трајче Стафилов, професор од Институтот за хемија на ПМФ, веќе со години предупредува на оваа цистерна во Охис. Тој вели дека се работи за токсична хемикалија опасна доколку се вдишат нејзините испарувања.

Надлежните велат дека се веќе во преговори со француска фирма која по завршувањето на пандемијата искажала подготвеност соодветно да ја уништат оваа хемикалија.

Десензитивизацијата на Американците кон вртоглаво зголемениот број на жртви во пандемијата ја оправдува познатата опсервација на Јосеф Сталин: „Една смрт е трагедија; еден милион е статистика “. 

повеќе

Практичната имплементација на владината стратегија „едно општество за сите“, која на хартија има добри намери, е засенета од неуспешната борба против корупцијата и организираниот криминал.

повеќе

Веќе четврта деценија штом општеството се фокусира на македонско-бугарските или македонско-албанските односи, на улиците излегуваат навивачките групи со навредливиот репертоар. Спонтано? Ајде, Ве молам.

повеќе