По пресудата за насилство

Иако осудуван за тепачка Бајрам може да биде советник кај Арсовска со затвор од 3 месеци

Габриел Бајрам советникот во Град Скопје и син на починатиот пратеник Амди Бајрам ќе остане да работи на истото работно место кај градоначалничката Данела Арсовска. Неговата казна од 3 месеци затвор за насилство нема да влијае на отстранување од советничкото место, бидејќи Законот за локална самоуправа предвидува престанок на функцијата само ако затворската казна е над 6 месеци. Габриел Бајрам доби затвор од 3 месеци за насилство. Тој признал вина за тепањето на шанкерот и кршењето на инвентарот во угостителскиот објект Аквадукт на булеварот „Словенија" во Скопје.

Според член 46 од Законот за локална самоуправа , на член на советот му престанува мандатот ако е осуден на правосилна судска пресуда за кривично дела на казна затвор во траење од над 6 месеци. 

Бајрам доби 3 месеци затвор, а кривичната пријава беше поднесена откако на семејна веселба во угостителски објект во Скопје, заедно со неговиот син, повредил еден од вработените и го кршел инвентарот во објектот.

Неговиот син доби условна казна затвор од три месеци која нема да се реализира доколку во рок од една година не стори ново кривично дело.

Бајрам, кој веќе помина еден месец во притвор во затворот во Шутка, правосилноста на одлуката ќе ја чека во домашен притвор.

Во казната му се засметува и времето поминато во притвор и куќен притвор. 

За Бајрам се води постапка и за кражбата на струја во ГТЦ, за која тој со полициска придружба бил донесен во станица на распит.

Бајрам неколку пати бил повикуван во полициска станица, му биле испраќани покани, но не се појавувал пред службените лица. По ова по него бил распишан централен распис и на 30 јуни, годинава бил приведен и спроведен во полициска станица на службен разговор. Оваа постапка е во тек. 

Во декември, лани Обвинителството и МВР изјавија дека никој не пријавил сомнеж за кражба на струја и дека за настанот во Градскиот трговски центар нема сомнеж за кривично дело. Тогаш Обвинителството ни одговори дека чека сопствениците на дуќаните во Градскиот трговски центар да пријават дека се оштетени во висината на сметките за струја, за да може обвинителите да постапуваат.

Обвинителството за овој предмет против Бајрам постапува по, како што велат известување за настан добиено од МВР.

Во полициска станица биле повикани и извршени се службени разговори и со надлежните во ЕВН и Градскиот трговски центар Скопје, а се вршеле службени разговори и со други лица.

Од МВР минатиот месец не известија дека по комплетирање на целокупниот материјал ќе биде доставено известување до Основното јавно обвинителство Скопје за преземените мерки.

К.Д.

Предложеното законско решение се фокусира на аудиовизуелниот/радиодифузниот сектор, игнорирајќи ги последниве две децении на развој на дигиталниот домен и на интернет, со сите негови позитивни и негативни страни.

повеќе

Според последното истражување на организацијата ПИНА, базирано врз анкети направени со 103 новинарки, 24,1% од новинарките добиле закани за физичко насилство, а 19,5% и закани по животот.

повеќе