НАМЕСТО МАРШ

Хепенинг на „За заедничка Македонија“ во Градскиот парк

Граѓанската иницијатива „За заедничка Македонија“ денеска повторно побара сите политички чинители да се откажат од тиранската платформа, документ, како што велат, направен во соседна држава, кој не ѝ носи добро на Македонија на долорочен план. ­

„Денеска по малку симболично на Денот на шегата, денот на кој многу луѓе се маскираат, порачуваме дека не е време за шегување и дека паднаа маските. На сите им е јасно, никакви мимикрии и обиди да се препакува, да се протне под некое друго име тиранската платформа нема да успее. Бараме да се спречи избирањето претседател на Собранието кој што претходно нема да се откаже од тиранската платформа и да ја отфрли нејзината суштина, затоа сме и викендов овде, во оваа редовна викенд алтернативна програма“, изјави Богдан Илиевски, еден од главните организатори на иницијативата на хепенингот што се одржа во Градскиот парк.

На новинарско прашање дали е можно граѓаните да влезат во Собранието, поради изјавите на протестите дека дистанцата меѓу граѓаните и пратениците е премала, Илиевски изјави дека споменувањето на дистанцата е фигуративно и треба да претставува порака дека пратениците треба да знаат оти народот е тука. ­

Дарко Мијалковски, пак, повтори дека народот нема да се откаже додека целосно не биде отфрлена тиранската платформа. ­

„Сега играме една игра, има па нема, ова што се случува со тиранската платформа, оние што ја создадоа сега глумат дека такво нешто не постои, самото тоа создава уште поголем револт кај иницијативата „За заедничка Македонија“ и сите нејзини поддржувачи. Едноставно потценета е интелигенцијата на народот и затоа се создава уште поголем револт, затоа од ден во ден се собираме сѐ повеќе и повеќе, да го изразиме револтот против тиранската платформа“, изјави Мијалковски. 

Фото: МИА

Спортските објекти што се изградени со буџетски пари не смеат да бидат извор за заработувачка што ќе заврши во приватни џебови, ниту пак инструмент за манипулација на граѓаните и ширење на клиентелизмот.

повеќе

Политичките кризи, регионалните тензии и влошувањето на демократијата покажуваат дека постои зголемен ризик од конфликт и нестабилност на Балканот.

повеќе

Колумната е објавена на 25 септември 2010 година во весникот „Време“.

повеќе