ОБЈАВЕН ОГЛАС

Град Скопје за 260.000 евра ќе уредува 400 метри од коритото на Вардар

Градските власти од Скопје објавија оглас за реконструкција и одржување на партерно уредување на минор и мајор коритото на левата страна од Вардар. Договорот е проценет на 16.267.311 денари или 263.837 евра, а се работи за потегот од Камени мост до мостот „Слобода“ кај новиот објект на Министерството за надворешни работи.

Согласно тендерот, понудите на заинтересираните фирми ќе се доставуваат најдоцна до 31 август, за кога е закажано и нивно јавно отворање. Критериум за доделување на договорот е најниската цена.

Со реконструкцијата во план е уредување на заштитниот бедем, патеките и околниот простор. Исто така, предвидено е и поставување на нова урбана опрема.

Овој простор беше раскопан поради градежните интервенции на кејот, каде последниве години беа издигнати пет нови градби. Дополнително во коритото беше интервенирано поради изградбата на два нови моста - „Око“ и Мостот на уметноста.

Меѓувремено, се уште се чека и на конечно уредување и на десната страна на Вардар, кај ГТЦ, каде поради зафатите на мостовите и галиите веќе подолг временски период е прекинат дел од најдолгата скопска велосипедска патека.

Во изминативе години не се направи ниту подземна пристапна улица од хотелот „Холидеј ин“ до зградата на „Т-мобиле“. Изградбата на овој објект беше условена токму со изведба на улица за сообраќаен пристап до административно-деловната зграда. Таа започна да се гради во октомври 2008 година на вкупна површина 9.400 квадратни метри. Основниот услов за подземната улица не се оствари, па вработените на „Т-мобиле“, други возачи, велосипедисти и пешаци почнаа да го користат шеталиштето покрај „распосланите“ локали на ГТЦ како надземна сервисна патека.


Б.Ш.

Реформи во образованието секако дека се потребни, но тие треба да се базираат на цврсти докази поткрепени со позитивни резултати за напредок.

повеќе

Кога ќе се каже Западна Европа, во Македонија се мисли дека се работи за место каде што царува сознанието.

повеќе

Постојат кафе барови каде стои натпис дека немаат интернет па препорачуваат луѓето да си прават муабет како порано. 

повеќе