Реакција

Град Скопје: Тревникот, плочникот, урбаната опрема, дрвјата, новото осветлување... сѐ чини 530 илјади евра

Советничка група на ВМРО-ДПМНЕ во Град Скопје не знаат да разликуваат основни работи (тревник од плочник), па од тие причини излегуваат на прес-конференции со небулозни тврдења, реагира град Скопје на денешната изјава на советничката Ирена Попова од ВМРО-ДПМНЕ.

„Со ова уште еднаш ја известуваме јавноста, а истовремено го демантираме небулозното тврдење на ВМРО ДПМНЕ, дека не тревата, туку поплочувањето и уредувањето на јавниот простор на излезот од ГТЦ до плоштад Македонија, поплочувањето и уредувањето на јавниот простор од плоштадот кон Собранието на РСМ, заедно со урбаната опрема што се состои од клупи, канти за отпадоци, целосно ново осветлување на овој простор (канделабри), како и дрворед составен од 25 дрвја е тоа што чини 33 милиони денари со вклучен ДДВ. Сѐ што е направено на терен и потрошена сума, впрочем, беше и претходно најавено на прес-конференцијата што се одржа на 30 септември 2019 година.

Граѓаните на Скопје овој простор секојдневно го гледаат и го користат. Тоа што му пречи на ВМРО-ДПМНЕ е фактот што граѓаните го одобруваат вака уредениот простор, но и уживаат во него, притоа правејќи споредба што значи квалитет на јавен простор сега, а што и какво беше лудилото со јавниот простор во минатото.

Времето кога граѓаните за 3 врби во реката Вардар плаќаа 220 илјади евра е одамна поминато. Тоа на сите им е јасно. Јасно му е и на ВМРО ДПМНЕ, па токму заради таа своја немоќ се служат со лаги и невистинити небулози“, се вели во реакцијата на град Скопје.

Она она што го нудат медиумите во времето на ковид-19 покажа колку тие не се подготвени за да известуваат во време на криза, а кризите ги има сè почесто.

повеќе

Доколку нешто радикално не се промени, не можеме да очекуваме дека нашата економија брзо ќе се нормализира и ќе излезе од сегашната криза.

повеќе

Како да разликуваш дали „Македонец” означува етничка припадност или државјанство? Според потребата на моментот!

повеќе