Во Зоолошката во Скопје се убивале коњи за храна на месојадните животни, разрешен е директорот

Град Скопје го разреши вршителот на должност директор на Скопската зоолошка градина Кристијан Стаменов. Од таму велат дека се оградуваат од индивидуално превземените дејствија на директорот. Во последниве два дена во Зоолошката градина во Скопје усмртени биле повеќе од 10 коњи и мазги, за да им бидат дадени како храна на месојадните животни, сведочат барем тројца вработени во Зоолошката. Токму ова е причината за разрешувањето на директорот Стаменов. 

„Културна, образовна и научна се основните дејности на ЗОО Скопје, а нејзина основна цел е да ги чува, одгледува и презентира живите експонати и истите да ги направи достапни за пошироката јавност. Личната одлука превземена од страна на директорот не соодветствува со основните заложби за хумано чување и одгледување на животни и за истото мора директорот да понесе одговорност, поради што истиот се разрешува“, известуваат од Град Скопје.

За начинот на кој коњите стигнале во Зоолошката градина за да бидат усмртени, има различни изјави, пишува Вистиномер. Директорот на Зоолошката градина, Стаменов, тврди дека им биле доделени од страна на Агенцијата за одземен имот, додека директорот на Агенцијата, Фатон Асани, вели дека во последниве пет години, откако е тој директор, не се случило да се даде жива стока во Зоолошката градина.

Оттаму, се поставува прашањето дали животните на законски и легитимен начин биле донесени во Зоолошката градина, за потоа да бидат усмртени.

Ракот на корупцијата и понатаму е ендемичен, а актуелната власт сè повеќе потпаѓа под лошите навики на претходниот режим на Никола Груевски.

повеќе

Ех какво време дојде, да се стремиме кон нула. Уште повеќе, да постигнеме нула.

повеќе

Како да ги зачуваме националните и креативни наследства со помош на вештачката интелигенција?

повеќе