Град Скопје одлучи да го продолжи булеварот „Борис Трајковски“ до Драчево

Советот на Град Скопје денеска донесе Одлука за изменување и дополнување на Програмата за уредување на градното земјиште на подрачјето на градот Скопје за 2021 година, со што е предвидено да се продолжи изградбата на булеварот „Борис Трајковски“ до Драчево. 

Според Град Скопје, се работи за капитален инфраструктурен проект со кој ќе се продолжи булеварското решение на потегот од влезот во населбата Пинтија до Драчево, во должина од над два километри.   

„На овој потег оваа сообраќајница ќе се реконструира и прошири и ќе прерасне во модерен булевар со четири  сообраќајни ленти, пешачки и велосипедски патеки, модерно и енергетски-ефикасно јавно осветлување, како и дополнителна комунална инфраструктура“, соопшти Град Скопје и додава дека околу 70.000 граѓани од Кисела Вода, Драчево, Пинтија, Лисиче, Студеничани и околните населени места, ќе можат побезбедно и полесно да патуваат, но голема придобивка ќе има и за индустриската зона што е лоцирана во овој дел од градот. 

 

Јане бил свесен дека деновите му се одброени и отворено говорел за тоа. Знаел дека многумина имаат причина да го ликвидираат, дека им пречи во остварувањето на нивните „повисоки цели“.

повеќе

Во македонскиот интернет простор постојано се појавуваат и гаснат портали, со што засекогаш исчезнуваат и објавените содржини.

повеќе

Пред неколку недели се наврши една година од почетокот на пандемијата. Ковид-19 ги разоткри системските проблеми во здравствениот систем и другите институционални гранки на Косово.

повеќе