НОЌВА И УТРОВО

Град Скопје на минус 12 фрли 250 тони сол, која функционира до минус 6

Екипите на зимската служба на Град Скопје ноќва и утрово фрлиле 250 тони сол на градските булевари и улици за да спречат појавување голомразица, но потсетуваат дека индустриската сол има ефект до минус 6 Целзиусови степени. Ноќва температурите стигнаа и до минус 15 степени.

Во соопштението од Градот велат дека поради ниските температури можно е појавување на голомразица на коловозот и апелираат на голема внимателност во сообраќајот.

Градот апелира до граѓаните, куќните совети и сопствениците на деловните објекти да се придржуваат до законската обврска за чистење на снегот од приодите до нивните објекти.

Додека од JП „Комунала хигиена“ апелираат општините да ја реализираат нивната обврска за чистење на улиците кои се во надлежност на општините и апелира за поголема ажурност во оваа област, со цел непрекинато собирање на комуналниот смет.

Градот вели дека нивните екипи интензивно работат на терен на расчистување на градските улици и булевари по обилните врнежи на снег што почнаа изминатава вечер.

Град Скопје вели дека во нивна надлежност се булеварите и одредени градски улици, а преостанатите улици се во надлежност на општините и тие се задолжени за нивно чистење и одржување.

Не треба да паднеме во замката која не втурнува во спиралата на континуирано себепоништување.

повеќе

Инвестицијата за изградба на автопатиштата Штип-Миладиновци и Кичево-Охрид повеќе личи на наш подарок за Кинезите, отколку на вистинска инвестиција.

повеќе

На заштитата на животната средина треба да се гледа како на животно важен дел од управувањето на државата.

повеќе