Дезинфекција на зградите во општина Карпош

Денеска на територијата на општина Карпош се врши дезинфекција на влезовите од згради во населбата Козле и Влае. Комуналните служби ги дезинфицираат влезните врати и влезните делови од згради, сандачињата, гелендерот и лифтот.

„Оваа акција се спроведува во текот на целата недела. Се дезинфицираа зградите со повеќе од осум домаќинства, во сите населби на територија на Карпош. Во текот на утрешниот ден, ќе бидат дезинфицирани и зградите во Влае, со што целосно ќе се покријат сите станбени единици во општината. Хигиеничарите користат посебно средство за дезинфекција, кое служи и за чистење на јавни површини“, велат од општината.

Оваа акција, како што додаваат, е дополнителна поддршка за заедниците на сопственици/куќни совети и не треба да ги одложи тековните активности за одржување на хигиена во влезовите, кои се планирани од станарите.

Локалната самоуправа продолжува и со миење и дезинфекција на локалните улици и јавните површини (тротоари, плоштади и платоа) во Карпош.

„Ги повикуваме сите граѓани да се придржуаат до препораките за заштита од коронавирусот, да одржуваат зголемена хигиена во влезовите и заедничките простории од згради. Сите носиме одоговорност за јавното здравје“, апелираат од општината.

Кога ќе заврши пандемијата, очекувајте државите да се вратат со поголема власт и поголем легитимитет.

повеќе

Откако не успеа во приказот на Мицкоски како екстензија на Груевски и на опозицијата како „анти-западна“, со изјавите неделава Заев покажува дека негов рецепт за изборна победа е само што помала излезност без учество на опозицијата.

повеќе