Денеска и утре на плоштад Македонија во Скопје Фестивал на италијанска храна

На плоштадот „Македонија" во Скопје денеска и утре ќе се одржи Фестивалот на италијанска храна каде најреномираните италијански ресторани од Скопје ќе понудат гастрономско патување низ автентичните вкусови на традиционалната кујна на некои од италијанските региони.

Фестивалот го организира Амбасадата на Република Италија и Italian Trade Agency Skopje (ИТА) во рамки на одбележување 6-та Недела на италијанска кујна во светот, а настанот ќе го отвори италијанскиот амбасадор, Андреа Силвестри.

Настанот ќе се одржи на отворено, а ќе понуди богата и забавна програма, промоција и продажба на италијански прехранбени производи, вина, кафе и слатки. Предвидена е лотарија за посетителите кои ќе купат храна и прехранбени производи за време на Фестивалот и награди од спонзорите на настанот. 

Посетителите денеска во период од 15 до 17 часот, ќе имаат можност да уживаат во музичко патување низ најубавите и најромантични предели на Италија со Павле Камилоски. 

После речиси две години очигледно е дека менталното здравје на вработените е исто важно како и нивното физичко здравје. Сега повеќе од било кога, неопходен е силно развиен систем за управување со човечки ресурси.

повеќе

Јазикот е многу повеќе од структура на една реченица или граматика, јазикот е нашата историја, нашите обичаи и нашето наследство...

повеќе

Овој отпад, освен тоа што ја загадува животната средина, исто така предизвикува дефекти во машините, ги оштетува контејнерите и го спречува транспортот на друг отпад.

повеќе