А, можеш и да влеташ во дупка, која не требало да постои тука, како на пример оваа во ТЦ „Лептокарија" во Карпош. Всушност, кој знае зошто оваа вечер таа не е покриена. Каде е капакот? Ама, изгледа не е така „тазе" како зјае, со оглед на ѓубрето внатре. И млади здрави нозе можат да станат кршливи во бетонираниот отвор. И не само ако гледаш во мобилниот, ноќе, при слабо светло, сѐ е можно.
Ако гледаш во мобилниот кога возиш тротинет, велосипед, мотор, автомобил, џип, камион, автобус, тенк (ако ги има)... да не замислуваме што сѐ може да се случи и уште колку редови би ималo во оваа белешка...
П.Џ.