Дел од Скопје утрово без струја, голем дефект на 110 киловатна станица

Утрово дел од Скопје останаа без електрична енергија. Поради голем дефект на 110 киловатна станица, струја немаше во населбите Карпош, Козле, Тафталиџе, Ѓорче Петров, Сарај... Од ЕВН велат дека екипите се на терен за да го санираат дефектот. Дел од скопските населби веќе имаат струја.

Oд ЕВН велат дека е саниран дефектот поради кој регионите на Карпош, Капиштец, Влае, Ѓорче Петров, Матка, Кондово и Сарај. „Прекинот се случи како последица од испад на 100-киловолтен далекувод од трафостаницата „Скопје 3“ до трафостаницата „Запад“. Екипите на Електродистрибуција за брзо време го санираа дефектот и корисниците веќе имаат нормално и стабилно снабдување со струја“, информираат од ЕВН.

Ракот на корупцијата и понатаму е ендемичен, а актуелната власт сè повеќе потпаѓа под лошите навики на претходниот режим на Никола Груевски.

повеќе

Ех какво време дојде, да се стремиме кон нула. Уште повеќе, да постигнеме нула.

повеќе

Како да ги зачуваме националните и креативни наследства со помош на вештачката интелигенција?

повеќе