По синоќешното тестирање

Д-р Фадил Цана: Има недостатоци во здравствениот систем, коронавирусот е прашање на државна безбедност

„Забележав недостатоци на државниот здравствен систем при практичното спроведување мерки за превенција и заштита од коронавирусот, кој наскоро ќе биде пандемија.“

„Забележав недостатоци на државниот здравствен систем при практичното спроведување мерки за превенција и заштита од коронавирусот, кој наскоро ќе биде пандемија. Тоа е добар знак за неопходноста од претпазливост и превенција од паника, а проблемот со вирусот да се третира како прашање на државна безбедност и да се крене нивото на подготовка (вклучително и јавното информирање) за спречување на ширењето на паниката.“ Ова рано утрово го напиша Фадил Цана, докторот што синоќа во Инфективната клиника во Скопје го изврши тестот за присуство на корона вирус кај пациент кој пристигна од Италија.

На својот фејсбук-профил Цана напиша дека вирусот Ковид 19 веќе пристигна во Италија, каде што бројот на заболени лица од ден на ден се зголемува и има веројатност да стигне до нас. „Изминатава ноќ бев дежурен доктор на Универзитетската клиника за инфективни болести во Скопје и работев на сомнителен случај од регионот на Ломбардија во Италија, кој за среќа покажа дека не е носител на коронавирус“, напиша Цана.

Изминатата недела имаше бурен почеток со објавувањето на вториот сет мерки. Се изнаслушавме разно-разни коментари, предлози и видувања кои никако не би можело да се рече дека се засновани на прецизни анализи и предвидувања на надлежните институции во државата, со кои располагаме, НБРСМ и МФ.

повеќе

Наместо да седнат заедничи и оние од власта и оние од опозицијата и да се договорат околу стратегијата за борбата со најголемата опасност, тие мудруваат и кажуваат бајки.

повеќе

За жал во овие тешки времиња некои политичари се занимаваат и со вируски патриотизам: на корона не сме се обратиле мултилингвално.

повеќе