ЦУК: Спасени двајца дехидрирани велосипедисти после скопско Кожле

Центарот за управување со кризи (ЦУК) информира дека денеска во драматична спасувачка акција се спасени два велосипедиста, многу дехидрирани и снеможени кога биле пронајдени во суровиот предел без вода, коишто после скопското село Кожле.

Тие залутале во пределот по многуте ридски патчиња, барајќи ја старата црква и гробишта надвор од селото. Живописната црква и гробишта се на неколку километри пред, односно над, реката Пчиња оградени со камена ограда, но и со вегетација којашто ги затскрива од поглед. Акцијата за спасување е кооринирана и во директна комуникација на ЦУК и со изгубените и со припадниците на Министерството за внатрешни работи - Полицијата и со Брзата помош.

„Денеска во еден од најтоплите денови во овој период, преку 112, по добивањето на информацијата околу 15.00 часот, од Секторот за операции и координациј во ЦУК веднаш биле активирани искусните оперативни дежурни рботници од Регионалниот центар за управување со кризи (РЦУК) Град Скопје. Биле лоцирани изгубените и дехидрирани велосипедисти во координација со Полицијата. Оперативците од ЦУК биле постојана комуникација и со тимот полицајци на терен и со изгубените велосипедисти коишто покажувале се повеќе и поголеми знаци на голема дехидрација и снеможеност, дури и преку слабениот говор при комуницирањето преку телефон. Тимот полицајци само до некаде можел да оди со теренско возило, а потоа два припадника на полицијата продолжила пешки да трагаат по изгубените, со кои стапиле во телефонски контакт. Полицајците пешки и самите изморени од многу топлото и спарно време, но упорни во потрагата за да спасат човечки животи, ги пронашле изгубените велосипедисти живи и здрави, околу 16.00 часот, но многу дехидрирани и снеможени, бидејќи ја испиле сета вода што ја носеле, а биле на терен цел ден. Затоа паралелно е контактирано со Брза помош за да дојде, додека ги извлекуваат, на договорена точка со спасувачкиот тим полицајци, на прооден пат за амбулантно возило, медицински да бидат згрижени и третирани во покус временски период. Припдниците на МВР, во оваа случја покажал големи квалитети и упорност, за да ги спасат изгубните во нашата, но сепак опасна природа при многу топло време, а и за да го скусат времето на пруѓање помош, односно што побрзо да ги извлечат изгубените за да добијат на време медицинска помош. Додека Ве информираме, би требало целата акција да е завршена според податоците и информациите на ЦУК од координацијата на драматичната спасувачка акција во пределот после с, Кожле,“ информираат од ЦУК.

Одлучната изборна победа на италијанската десница овозможува нејзиниот лидер да биде првата жена премиер во Италија и прва која тврди дека недвосмислено има постфашистичко потекло.

повеќе

Нов фронт за работа на градежните фирми на веќе изградените згради (и куќи) треба да биде топлинската изолација.

повеќе

Во Македонија не постои никаква забрана за конверзиона терапија, а лиценцираните психолози што може да се јават како спроведувачи или наведувачи на ваква „терапија“, за жал, не сносат никакви последици.

повеќе