„Во неколку наврати побаравме интервенција од надлежните институции, но опасноста сѐ уште не е отстранета. Денеска повторно јавно ги повикавме надлежните институции, но и медиумите и граѓаните. Институциите да реагираат, медиумите дополнително да истражат и информираат, а граѓаните да пријават каква било опасност на бројот 112. За нас од ЦУК, безбедноста на граѓаните секогаш е на прво место. Сејфти фрст“, изјави Стојанче Ангелов, директорот на ЦУК.