Центарци од зграда на 11 Октомври го избраа новиот изглед на својата енергетски ефикасна фасада

Општина Центар го привршува фасадирањето на зградата што се наоѓа на улицата „11 Октомври“ бр.38, спроти ЗОИЛ Македонија. 

 

Граѓаните избираа каква ќе биде бојата на новата фасада, се одлучија за бела, акцентирана со темновиолетова и бордо боја. И новата, енергетски ефикасна фасада, го задржува автентичниот изглед на зградата, вели општината во своето соопштение до медиумите.

На средба со градоначалникот на општина Центар, Андреј Жерновски, жителите посочиле дека сметките за струја сега им се пониски.

Оваа зграда има 36 стана, а жителите долги години се жалеле на старата и дотраена фасада, чии делови паѓале на тротоарот и возилата.

Ова е осма зграда во општината Центар што добива нова фасада.

Можеби поради еуфоријата што ја донесе туризмот - и желбата на самите жители на Грција да уживаат во одморите - пошироката јавност беше подготвена да ги толерира дневните бројки на новозаразени (во просек помеѓу 2.000 и 3.000 случаи во текот на летото). 

повеќе

Насловот асоцира и на резултатите од изборите, кои, кога ќе излезе оваа колумна, ќе бидат познати, иако најретко споменуван збор во кампањата беше зборот ДЕЦЕНТРАЛИЗАЦИЈА, кој е единствен начин за остварување на сите „големи“ ветувања што ги слушнавме изминативе две недели.

повеќе

Опонентите на академик Блаже Ристовски во Македонија го квалификуваа како националист, во белградскитe кругови  го именуваа како „бугарофил“, а во Бугарија го нарекуваа „Југословен“ и „србокомунист“. А тој си остана ист, исправен пред нападите и секогаш подготвен да им одговори на критичарите.

повеќе