Богдановиќ бара да присуствува на седница на Уставниот суд на која ќе се расправа за висината на објекти во Центар

Градоначалникот на општина Центар, Саша Богдановиќ, до Уставниот суд поднесе барање за присуство на 12-тата седница, на која една од точките на Дневен ред е од особено значење за општината. Уставниот суд ќе ја рзгледува Одлуката за донесување Детален урбанистички план Градска четврт И 04-Даре Џамбаз, Општина Центар-Скопје,  донесен од Советот на општина Центар под број 08-2925/6 од 11 јуни 2019 година.

Точката се однесува на иницијатива поднесена од група граѓани кои пред Уставниот суд, како суд кој е надлежен за одлучување за вакви иницијативи, e утврдената висина на објектите таму. Граѓаните од Уставниот суд бараат да се врати на сила стариот ДУП, донесен во 2012-та година, кој ги изедначува висините на објектите на приземје + 8 ката и со тоа, дополнително го обременува просторот таму. Новиот ДУП, предложен од општината, а донесен во 2019-та година, ја враќа првичната состојба на градбите, со што ќе се задржи автентичноста и постојната состојба на подрачјето на градбите во ДУП Градска четврт И 04 – Даре Џамбаз.

Поради важноста на иницијативата и следење на постапката, градоначалникот Богдановиќ до Уставниот суд поднесе барање за присуство на седницата, соопшти општина Центар.

Дали е аксиом дека со членството во НАТО е гарантирана безбедноста на Македонија? Дали почеток на преговори значи и отворен пат за членство во ЕУ?

повеќе

Што е со оние граѓани кои не се вклопуваат во нашиот (би)етнички дискурс?

повеќе

Постојат различни фактори кои влијаат на нивото на ризик кога станува збор за перење пари. Тоа може да биде од клиенти, региони, производи или ризик од финансиски инструменти. Разбирањето на овие ризици, како и факторите што придонесуваат, им овозможува на надлежните органи многу поефикасно да се заштитат од перење пари поврзано со корупција.

повеќе