МВР: Постапуваме по пријава за напад, граѓаните да останат смирени (ФОТО)

Ја известуваме јавноста дека МВР постапува по пријава за напад, откако едно лице се јавило во 16.45 во билетарата на МНТ. Станува збор за стандардни мерки на МВР по ваква добиена пријава и веднаш штом ги завршиме проверките и веродостојноста на информацијата, ќе ја известиме јавноста соодветно. Апелираме граѓаните да останат смирени, а медиумите да ги пренесуваат официјалните и точни информации, соопшти МВР по повод акцијата вечерва во центарот на Скопје.

 

Вечерва полицијата ги блокира сите приоди кон зградите на неколку објекти во центарот на Скопје.

Неколку објекти меѓу кои и зградата во која се сместени МИА, СЕП, ДКСК, Финансиската полиција, Инспекторатот за животна средина, Филхармонија, Македонскиот народен театар... вечерва се евакуирани. Сите приоди кон тој дел од центарот на Скопје се блокирани. Се претпоставува дека се работи за лажна дојава. Повеќе информации подоцна.

Фото: Роберт Атанасовски

Продолжува активноста на копачите, крановите и мешалките за цемент додека самите Албанци се протерувани од градот. 

повеќе

После речиси две години очигледно е дека менталното здравје на вработените е исто важно како и нивното физичко здравје. Сега повеќе од било кога, неопходен е силно развиен систем за управување со човечки ресурси.

повеќе

Јазикот е многу повеќе од структура на една реченица или граматика, јазикот е нашата историја, нашите обичаи и нашето наследство...

повеќе