Без дозвола и денес се гради кај ТЦЦ Плаза во центарот на Скопје (ФОТО)

И денес за време на викенд и со забрана за градење, се работи и се гради на поранешниот објект кај ТЦЦ Плаза. Редакцијата на МКД.мк на почетокот на октомври објави дека градежната машинерија пак влезе во оградената парцела во центарот на Скопје, каде не се гради повеќе од една година, и градежните активности продолжија, без дозвола за градба.

Инвеститорот на овој објект, бизнисменот Борис Стојменов продолжува да гради, против него Општина Центар има поднесено и кривична пријава, обвинителството чека вештачење, но булдожерите и работниците веќе неколку пати се на терен.

Градењето на овој објект во центарот на Скопје беше прекинато уште лани во јули. Она што е изградено како основа требаше да се урне уште лани во февруари, а во агвуст 2020 година Општина Центар почна да бара фирма тоа да го направи.

Инвеститорот „БС Консалтинг" има решение за отстранување на дивоградбата. Во август лани Општина Центар на прашање на МКД.мк одговори дека „во наредниот период ќе распише јавна набавка за избор на соодветна фирма за уривање, која ќе постапува не само во однос на таа дивоградба, туку и по други решенија за отстранување на други дивоградби".

Пред неколку дена изградбата непречено продолжи. И повторно на диво, без дозвола. По поднесената кривична пријава од Општина Центар против Борис Стојменов, од Основното јавно обвинителство велат овој предмет е во предистражна постапка и се чека извештајот од вештачењето.

Македонија може да ги задоволи потребите од електрична енергија ако на површина од 160 км2 постави соларни панели, а инвестицијата за тоа е 2,4 милијарди евра.

повеќе

Тешко е да се очекува дека ветото ќе биде туку-така тргнато. Дури и кога би се постигнал некаков договор, тоа би значело дека Македонија направила тешки и болни компромиси за да дојде до решение, имајќи ги предвид тврдите позиции на Бугарија.

повеќе

Лошите прогнози за инфлацијата и зголемувањето на цените на сите енергенси, не упатува кон еден заклучок - обновливите извори на енергија, заедно со вложувањето во самоодржливост и економијата на подарувањето сега се позначајни отколку кога и да е претходно.

повеќе