Откако ЈСП го врати бесплатниот превоз за повозрасните лица

Автобуските денес полни со пензионери, СЗПМ апелира да се носат маски

Јавното сообраќајно претпријатие во средата донесе одлука да го врати бесплатниот превоз за пензионерите кој почнува да важи од денес. Оваа одлука наиде на многу негативни коментари од граѓаните на социјалните мрежи бидејќи овие лица се во ризичната група од заболувањето со ковид-19. Повозрасните лица денес излегоа од дома и ги наполнија автобуските постројки и автобусите на ЈСП, а според одлуката ќе може да се возат без пари 4 дена во неделата. 

Одлуката за слободно движење на пензионерите ја поддржа и Сојузот на здруженија на пензионери кои апелараат повозрасните лица да ги почитуваат мерките. Од таму ги поздравија мерките на Владата за слободно движење на граѓаните. 

„Се апелира до пензионерите доследно да ги почитуваат мерките за носење маски и одржување на социјална, односно физичка дистанца, а автобускиот превоз да го користат само во случаи кога тоа е неопходно потребно. Се упатува апел и до сите приватни и државни субјекти (банки,пошти, маркети и др. ) предност да се дава на пензиoнерите бидејќи тие се ризична целна група каде степенот на превенцијата треба да биде на повисоко ниво“, се вели во соопштението од Сојузот на здруженија на пензиoнерите на Македонија.

Пензионерите и понатаму, со право, како што се наведува, очекуваат дека ќе бидат опфатени со мерките на Владата предвидени во третиот пакет.

Зголемувањето на парите за финансирање на партиите не помагаат во поттикнувањето на политичката активност на граѓаните, туку веројатно и делуваат контрапродуктивно, зголемувајќи ја недовербата во партиите и политичарите.

повеќе

За помалку од еден месец по олеснувањето на рестриктивните мерки, Косово се соочува со нагло зголемување на бројот на случаи со ковид-19, 

повеќе