Ако нема договор, приватните превозници најавуваат целосно парализирање на градот со сите нивни возила.
Претставници не „Слобода превоз“ и „Макекспрес“ денеска ќе присуствуваат на седницата на Советот на Град Скопје. Веќе седум дека приватните превозници не сообраќаат.
Градоначалничката Данела Арсовска ги обвини приватните превозниците дека пет години немаат прикажано продажба на билети и дека немаат фискални апарати, па поради тоа сториле тежок криминал. Превозниците веднаш одговорија дека е тоа лага затоа што во возилата на „Слобода превоз“ и „Макескпрес“ не се продаваат билети, туку во автобусите на ЈСП „Скопје“.
Првиот човек на „Слобода превоз“, Ленин Јовановски објави и снимка на на својот фејсбук профил за тоа како изгледа продажбата на билети во автобусите на ЈСП.
„Велат на лагата и се кратки нозете, а јас велам некому му е краток паметот, а долг јазикот. Видео запис во автобус на ЈСП во кој нема фискален апарат , а возчот ми продаде билет за кеш без да ми издаде фискална сметка. Ова нешто е пракса во секој автобус на ЈСП, каде возачите од директорот на ЈСП се принудени ова незаконито продавање да го прават баш вака. И сеа маќео шу праиме ? Крадецот викал на цел глас држте го крадецот!“, напиша Јовановски.