Реакција

Асани: Да се вратат темелите на куќата на Мајка Тереза на плоштадот во Скопје и спомен-плочата да биде двојазична

На плоштадот во Скопје да се вратат темелите на куќата на Мајка Тереза, да се изгради патека до местото за поставување цвеќе на спомен-плочата, а текстот на спомен-плочата да го одрази идентитетот на двојазичноста во главниот град, што е регулирано е и со закон. Ова се барањата на Институтот за духовно и културно наследство на Албанците до градоначалникот на Скопје Петре Шилегов, кој вчера кажа дека градот нема право да инвестира и да троши јавни пари за приватна парцела.

Директорот на Институтот, Скендер Асани на прес-конференција одржана на плоштадот, истакна дека за нив е изненадувачка реакцијата на градот. Асани потенцира дека тие не се извршна власт за да го принудат градот или која било друга државна институција да дејствува, туку научна институција која го кажува својот стручен став за овие важни личности на историјата, кои ги надминуваат нашите етнички, урбанистички и државни граници.

„Затоа, врз основа на ова, за нас не се оспорувачки фактите кажани од страна на градоначалникот Шилегов, но важна е перцепцијата што нашата власт ја има кон фигурата на Мајка Тереза. Ако единствената нобеловка од Скопје, Мајка Тереза, не е светска фигура која го претставува нашиот град и целата наша држава, повеќе од кој било друг, и фигура која го привлекува вниманието на целиот свет кон нас, тогаш ние имаме сериозен проблем со тоа како го поставуваме стандардот за проценка на ваквите личности. Додека од друга страна, светот се обидува да произведе личности од овој профил, па дури и онаму каде што тие не постојат во реалноста, ние имаме таква личност и ја газиме со тоа што ги бришеме сите траги на нејзиното присуство во главниот град, што зборува многу лошо за нас“, рече Асани.

Директорот Асани од прес-конференцијата упати молба до градоначалникот Шилегов да најде решение, како што рече, било тоа со претворање на ова место во јавна сопственост, со водење на судски постапки, или со пронаоѓање на други опции, какви и да се.

„Нашите барања се скромни: да се вратат темелите на куќата на Мајка Тереза, да се создаде патека до местото за поставување цвеќе на спомен-плочата, и текстот на спомен-плочата да го одрази идентитетот на двојазичноста во главниот град, кој што исто така е регулирано е и со закон“, рече Асани.

Тој информира дека испратиле писмо и до поглаварот на Римокатоличката црква, Папата Франциск и до други локални и меѓународни фактори.

„Изгледа парадоксално тоа што градот Скопје нема моќ, па дури и толку лесно го занемарува фактот дека така се покриени трагите на нобеловката од Скопје и најголемата личност во светската историја на добротворноста и католичкиот хуманизам, прифатена и во меѓународни рамки, но горчливата реалност е токму ова. Затоа, бараме поддршка, затоа што навистина Гонџе Бојаџиу е скопјанка, но Мајка Тереза му припаѓа на целиот свет и е синоним за хуманизам“, вели Асани.

Она она што го нудат медиумите во времето на ковид-19 покажа колку тие не се подготвени за да известуваат во време на криза, а кризите ги има сè почесто.

повеќе

Доколку нешто радикално не се промени, не можеме да очекуваме дека нашата економија брзо ќе се нормализира и ќе излезе од сегашната криза.

повеќе

Како да разликуваш дали „Македонец” означува етничка припадност или државјанство? Според потребата на моментот!

повеќе