Арсовска во Советот на Скопје ќе соработува со „огнените“ од ДУИ

Изборот на Данела Арсовска, градоначалничката на Скопје, на новите директори на јавните претпријатија отвори една нова страница во нејзиното работење и обид за формирање на ново мнозинство во Советот на Скопје. Двајца од новоименуваните петмина нови директори на градските јавни претпријатија, по оставките на директорите членови на ВМРО-ДПМНЕ, се членови на ДУИ.

Арсовска денеска соопшти дека Саид Саид е новиот директор на ЈП Улици и Патишта. Тој е истакнат активист на ДУИ од огранокот „Командант Тели” во скопската Општина Чаир.

Зухејр Реџепи е новиот директор на ЈП Паркови и зеленило. Тој е син на поранешниот поглавар на ИВЗ Сулејман Реџепи и активист на огранокот на ДУИ во село Свиларе, Општина Сарај.

Отворениот конфликт на релација Арсовска-ВМРО-ДПМНЕ, а во врска со проектот за прочистителната станица на Скопје вреден 136 милиони евра, заврши со низа оставки на директори на јавните претпријатија на Скопје. Денеска Арсовска избра петмина нови директори.

Во Советот на Град Скопје коалицијата на ВМРО-ДПМНЕ има 18 советници, 12 се советници од коалицијата на СДСМ, ДУИ има 5 советници, Левица 4, коалицијата Одлучно за промени 2, Алијанса за Албанците 2 и Група избирачи Драгана Велковска 2.

Извори од ДУИ за ТВ21 брифираат дека Данела Арсовска дала две директорски места за да ги придобие петте советнци на ДУИ во Град Скопје.

Интересно е дека советниците на ДУИ се членови на ограноците во Сарај и Чаир и се дел од „огнената“ група на Изет Меџити, Блерим Беџети и Муса Џафери, кои деновиве отворено настапија против лидерот на партијата Али Ахмети и манипулациите и кадровската политика на Артан Груби.

А.Д.

Предложеното законско решение се фокусира на аудиовизуелниот/радиодифузниот сектор, игнорирајќи ги последниве две децении на развој на дигиталниот домен и на интернет, со сите негови позитивни и негативни страни.

повеќе

Според последното истражување на организацијата ПИНА, базирано врз анкети направени со 103 новинарки, 24,1% од новинарките добиле закани за физичко насилство, а 19,5% и закани по животот.

повеќе