Прес-конференција на градоначалничката на Скопје

Арсовска: Универзална сала ќе продолжи да се реконструира

Универзална сала ја затекнавме во лоша состојба, средствата што претходната градска власт ги доби од Владата за реконструкција неплански и несоодветно се користеле, без притоа да се има целосна техничка документација, сигурност дека овој објект ќе биде безбеден за користење и дека нема да се урне еден ден додека во салата има многу граѓани, изјави денеска градоначалничката на Скопје Данела Арсовска. Таа нагласи дека сепак ќе се продолжи со реконструкција на објектот, но со ново техничко решение.

Грешки во проектната документација прифатена од претходното раководство на Град Скопје е причина за намален интензитет на активностите на реконструкцијата на Универзалната сала, рече Арсовска и нагласи дека постојното решение потребно е да се зајакне со дополнителни два носечки столба, но и дека детектирани бројни други недостатоции.

Таа даде објаснување за постапките.

„На 6 јули минатата година е изготвен записник во кој што јасно се нагласува дека постојат проблеми со постојната состојба на проектот, односно неусогласеност на проектот со постојната состојба на Универзална сала, а дополнително новопроектираните конструктивни елементи е предвидено да се постават врз трафостаница во рамки на постојниот објект за која што постои проблем во нејзината дислокација. Претходното раководство свесно за проблемите продолжиле со градежни активности иако знаеле дека постојат грешки и пропусти во однос на реконструкцијата“, рече Арсовска.

Потоа таа информира дека еден месец подоцна биле изготвени нови записници во кои се наведени проблемите во однос на конструктивните елементи, незадоволувачките, како што рече, параметри на армирано-бетонската конструкција и незадоволително ниво на арматура. Арсовска додаде дека се очекува извештај од Институтот за земјотресно инжинерство за начин на санација или уривање тие армирано-бетонски елементи.

Бил и одржан состанок во Град Скопје со претставници на фирмите за проектирање, изведување и надзор на градежните активности кои заклучиле, рече Арсовска, дека постојат сериозни технички проблеми и недостатоци во процесот на реконструкција на Универзална сала, за што е потребно да се направат измени во проектот.

„Оваа одлука е одбиена од страна на општина Центар и не е издадено решение за измени во тек на градење, при што е побарано да се аплицира со нов проект и ново одобрение за реконструкција на Универзална сала. Во октомври надзорниот инжинер дал препорака да се срушат или демонтираат конструктивните елементи, кои не ги задоволуваат карактеристиките согласно извештајот од Институтот, а да се демонтираат и челични елементи кои се кородирани на споевите и се проценети како несигурни и опасни за безбедноста на објектот“, рече Арсовска.

Taa упати порака прашувајќи ја власта дали ѝ се поважни политичките поени кои сака да ги направи врз база на Универзалната сала или, како што рече, безбедноста на граѓаните.

„Апелирам до министерката за култура, како претставник на Владата, но и до гласноговорниците на владејачката СДСМ во советот на Град Скопје да престанат со изнесување на информации кои единствено служат за манипулирање и извртување на фактичката состојба и покрај тоа што самите тие се запознаени и учествувале во креирање на проблемот во реализацијата на овој проект“, рече Арсовска

Ако пак се натури овој бесмислен консензус на Франција, кој ги признава сите емоции на Бугарија, тогаш оваа неспособна власт ќе не одведе подлабоко од сегашниот амбис.

повеќе

Во новите предлози се направени само формални, но не и суштествени промени, во однос на претходниот предлог (кој Владата го нема објавено).

повеќе

Енергетската криза во светот, но и во Република Македонија (РМ), не стивнува иако сме на почеток на летото кога вообичаено има помала потрошувачка на енергија кај нас. 

повеќе