Арсовска: Шилегов ми остави долг од 50 милиони евра и два моста без решени имотно-правни прашања

Градот и сите градски претпријатија се оставени во големи долгови, а долгот само на градот Скопје е 50 милиони евра, со рати за кредити кои треба да почнат да се отплатуваат од први јануари следната година, изјави денеска градоначалничката Данела Арсовска по направените ревизии во Град Скопје и во  јавните претпријатија за да се добие детална слика за нивната тековна состојба, како и да се утврди како се работело досега.

„Градот е затекнат со големи задолжувања и во овој момент Градот Скопје речиси нема никаква шанса за дополнително кредитирање. Она што ме изненади е тоа што некои лица од минатото раководство на Градот се обидоа ова да го претстават како моја слабост, дека нема да можам да кредитирам, наместо да го претстави како самокритика за тоа што дозволиле во изминатите четири години градот да се задолжи за 3 пати повеќе отколку во минатото. Наместо овие лица да дадат одговор како е дојдено до затекнатата состојба како резултат на нивното работење во изминативе четири години, тие залудно обвинуваат како некој за помалку од 30 дена треба да ја расчисти оваа состојба. Во моментов наследениот долг на Град Скопје е над 50 милиони евра“, рече Арсовска.

Таа како пример за неквалитетното и непланско работење и трошење го наведе проектот за изградба на мостот на реката Вардар во Аеродром. Градоначалничката напомена и дека Градската куќа, иако вреди 20 милиони евра, од претходното раководство на градот била продадена за 12 милиони евра, пари кои ги нема.

„Некој почнал проекти за кои имотно-правните прашања не се разрешени и нема да се разрешат, а парите се предвидени и некој планирал да ги даде. Парите на граѓаните ќе стојат заробени во проекти кои не можат да се реализираат. Тоа е почнување на проекти само колку да се каже дека се почнати проекти. Станува збор за мост кој се гради, а нема каде да заврши. За вие да објавите јавна набавка, тоа да го тендерирате и да почнете да градите мора претходно да ги имате исполнети сите услови за тоа, а не да ги правите во од. Таму имаме 11 спорови меѓу граѓани кои треба тие да ги надминат, има 25 предмети за експропријација во подготовка, 12 предмети без согласност за цена кои допрва треба од Влада да ги разрешат, како и 60 предмети со барања за земјишно право со приватизација или стекнато корисничко право кои допрва треба да почнат да се решаваат. Од сите плацеви кои се предмет на овој проект, само 44 биле сопственост на РМ. Ние ќе почнеме со нивно решавање, но кога ќе ги решиме е временски период за кое во моментов не можеме да дадеме рамка, и тоа е нешто што претходниот градоначалник морал да го заврши пред да почне да гради“, истакна Арсовска. 

 За прекинот на проектот БРТ, градоначалничката Арсовска рече дека овој проектот ќе беше на штета на граѓаните.

„За БРТ превозот нема одлука од Советот на Град Скопје, а одлука треба за се што има импликации врз градот, пред се, импликации во однос на тоа како ќе се развива градот, а не само финансиски. Овој проект ќе има големи импликации по животната средина, по главното водоснабдување во градот, меѓутоа ќе има и огромни финансиски импликации врз градот, како и голем број пречки од аспект на регулативата и легислативата кои што треба да се надминат за да стане реалност“, вели Арсовска.

Таа најави дека се работи на реорганизација на ЈСП и дека за две години целосно ќе се реализира проектот за бесплатен јавен превоз за граѓаните.

„Се работи на програмата што ја имавме зацртано, односно се преземаат првите чекори од етапното воведување бесплатен автобуски превоз. Ревизијата во ЈСП Скопје е започната, се детектираат сите слабости во работењето на ова претпријатие. Како што знаете, ова претпријатие е тежок загубар, а целта на новото раководство е да овозможи претпријатието да работи со оптимално намалување на трошоците, зголемување на приходите и овозможување непречено функционирање со сето она што може да се направи во следниот период. Најпрвин, претпријатието да излезе од долговите, второ - да се овозможи да се воведе бесплатен превоз, првично на оние категории на кои што им беше ускратено ова право и трето - изнаоѓање начини за детектирање на финансиски средства преку донатори за набавка на прва транша на автобуси, а понатаму ќе видиме како ќе биде финансирањето“, рече денеска градоначалничката Арсовска.

Македонскиот народ мора да ја заштити автокефалноста на својата Македонска православна црква - Охридска архиепископија, како еден од носечките елементи на неговиот идентитет, од сите загрозувања од Фанар, од СПЦ и другите меѓународни црковни и други чинители. Време е за нов Македонски црковно-народен собир, како во 1945 година.

повеќе

Сите политичари и безмалку сите новинари во Македонија, се со став дека нема или поточно не е можен план Б во преговарањето за влез во ЕУ со Бугарија.

повеќе

(Насловот е на турски со причина, во превод, „писмо или револвер“.)

повеќе