Реакција

Арсовска против Ковачевски: Поради задоцнетите владини мерки сите плаќаме поскапа струја, парно, нафта...

Жалам што морам уште еднаш да ја констатирам неспособноста на Владата за справување со предизвиците од енергетската криза, а со кои се соочуваат и скопјани. Она што уште повеќе загрижува е неинформираноста на институциите за сопствените ингеренции кога станува збор за системот за снабдување со топлинска енергија односно парно греење, се вели во реакцијата на градоначалничката на Скопје Данела Арсовска на денешните изјави на премиерот Димитар Ковачевски.

Во соопштението од кабинетот на Град Скопје се потсетува на изјавата на Ковачевски на 10 јануари кога тој „се пофали дека Владата нема да дозволи граѓаните на Скопје да останат без греење, за сега на веќе започната грејна сезона, наместо функционално решение граѓаните да се соочуваат со ладни радијатори. 

Ширењето невистини и манипулирањето на граѓаните нема да ја реши економската и енергетска криза. Напротив, премиерот Ковачевски би требало итно да се зафати со решавање на овие проблеми, наместо да шета од медиум на медиум и да пласира невистини.

За потсетување, Владата е таа која има дадено повеќегодишна концесија на БЕГ при што секако обврска и одговорност на Владата е да се справи и со последиците кои произлегуваат од таа концесија.

Согласно член 38 од Законот за енергетика вршителите на енергетските дејности се лица кои поседуваат лиценца од Регулаторната комисија за енергетика која се издава за период од три до 35 години во зависност од видот на енергетската дејност, видот и обемот на обврската за обезбедување јавна услуга во вршењето на енергетската дејност, обемот на средствата потребни за извршување на енергетската дејност, времетраењето на правото за користење на соодветниот енергетски ресурс.

Град Скопје во ниту еден момент не бил носител на лиценца, напротив до енергетската криза на сите влади очигледно им одговарало енергетските ресурси со кои се произведува, дистрибуира и снабдува со енергија, да бидат во рацете на приватници наместо да се третираат како национални ресурси кои се од исклучителен јавен интерес.

Владата кога беа милионски профитите на приватните компании кои раководеа со топловодната енергетска мрежа одбиваше таа да биде одземена од истите и да претставува национален ресурс, за сега да бара виновник за сопствените одлуки.

Обидите за префрлање на вина од оној кој не преземал соодветни мерки за амортизирање на ценовниот шок во кризава е дегутантно и непотребно, бидејќи ако се реагираше на време со мерки, како што тоа го направија владите на другите држави, сега немаше да има толку големи проблеми. Поради континуирано задоцнетите мерки сите плаќаме поскапа електрична енергија, парно, нафтени деривати“, соопшти кабинетот на Арсовска.

Претседателот на СДСМ и премиер, Димитар Ковачевски, во интервју за MTВ вели дека кавгите во ВМРО-ДПМНЕ во Скопје се за тендери и ги повикува да се извинат на граѓаните и да ги исполнат сите преземени обврски.

„Обврската што ја зеле пред граѓаните да ја исполнат или да искочат и да се извинат на граѓаните за се она што ги излажаа на изборите локални во 2021 година. И градоначалничката и претседателот на ВМРО-ДПМНЕ и сите кои што беа вклучени во кампањата. Затоа што тие кампањи беа јавни и се е снимено.“ рече Ковачевски.

Тие не се занимаваат со проблемите на граѓаните, тие се занимавале со тендери, додава Ковачевски.

„Погледнете што се случува во градот Скопје. Градоначалничката на градот Скопје беше кандидат на ВМРО-ДПМНЕ. Бидејќи таа ако не беше кандидат на ВМРО-ДПМНЕ немаше теоретски шанси да победи за градоначалник. На сите митинзи беше промовирана од страна на претседателот на ВМРО-ДПМНЕ. Цел штаб на ВМРО-ДПМНЕ работеше за неа, каде што трубачи ја чекаа во штабот на ВМРО-ДПМНЕ. Тие всушност што правеле 11 месеци договарале тендери. За кои што самите зборуваат не зборуваме ние од СДСМ што правеле, они самите зборуваа по прес конференции. И на крајот што се случи не можеле да се договорат за провизиите, излегоа на ТВ и сега се караат.“ рече претседателот на СДСМ, Ковачевски.

Toj потенцира дека поради ваквото однесување стопирани се проекти важни за Скопје и скопјани и побара сите преземени обврски да се завршат, во интерес на граѓаните.

„Постојат проекти во Скопје кои се стопирани. За кои има меѓународни кредитори, за кои што државата ќе плаќа пенали. Каде е брзиот автобуски транспорт во Скопје? Проектот не се реализира. Каде е пречистителната станица за која што се расправаат кој колку провизија планирал да земе? И тоа не се реализира. Каде се автобусите кои што ги преговарал претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, пошто нели кажа дека преговарал за автобуси? Па и за фабрика за автобуси. Сега снема ни автобуси, ниту фабрика за автобуси. А ниту имаме проект за бас рапид транспорт. Каде е Универзалната сала? Тоа е проект направен со обезбедено финансирање. Каде е клучката во Момин Поток? Стои недоправена. Зашто? Затоа што тие се занимавале само со тендерите и кој ќе ги земе провизиите“, рече Ковачевски.

Тој додава дека СДСМ и Владата што ја предводи ќе продолжи со грижата за граѓаните.

„Ние ќе продолжиме да се грижиме за потребите на граѓаните, да обезбедиме електрична енергија за целиот регулиран пазар, да обезбедиме топлинска енергија и да се обидеме да обезбедиме најдобра цена за електрична енергија за стопанството, кое ќе може да обезбеди одржливо производство и одржливо пружање на услугите на стопанството“, изјави Димитар Ковачевски.

Концептот на даночната реформа, кој го претставивме минатата недела на заедничка прес конференција со премиерот е дел од поголем процес за креирање на оптимален даночен систем кој ќе биде праведен и ќе го поддржи економскиот раст.

повеќе

Ракот на корупцијата и понатаму е ендемичен, а актуелната власт сè повеќе потпаѓа под лошите навики на претходниот режим на Никола Груевски.

повеќе

Ех какво време дојде, да се стремиме кон нула. Уште повеќе, да постигнеме нула.

повеќе