Градоначалничката не попушта, Скопје пред нов хаос

Арсовска: Нема враќање назад, ќе има јавен повик за приватните превозници

Нема враќање назад, изјави денеска градпначалничката на Скопје Данела Арсовска, а нејзината изјава наведува на заклучок дека не е можно решение на проблемот со јавниот превоз до понеделник, за кога приватните превозници најавија целосна блокада на градот доколку не ги добијат заостанатите долгови од Град Скопје, во износ, како што наведуваат, од околу 1,5 милиони евра.

„Можности за враќање назад, не постојат. Има нов јавен повик, на новиот јавен повик сите оние кои ќе сакаат чесно да работат и оваа јавна услуга да ја овозможуваат до граѓаните ќе имаат можност да си се пријават и да можат да си ја обавуваат дејноста којашто ја обавувале претходно, меѓутоа без да има можности за вакви манипулации како што имаше претходниот период", изјави градоначалничката на Скопје, Данела Арсовска за Канал 5 телевизија.

На приватните превозници треба да им се исплати до периодот до кога нивните автобуси беа вклучени во сообраќајот, вели таа.

„Тие практично за услугата којашто треба да ја извршат во наредниот месец, фактурираат за еден месец однапред. Тоа пак значи пред да се изврши услугата. Сега со нивниот прекин практично во тековниот месец ноември ќе треба да се види што е она што го извозизле за да може за истото да се пресмета што и колку има потреба како тековно побарување да им се исплати и по основа на истото. Нормално никој не сака кој било да биде општетен, меѓутоа исто така како Град Скопје, сме должни да не дозволиме никакви манипулации, ниту пак злоупотреби коишто директно влијаат на буџетот на Градот Скопје", вели Арсовска.

Ленин Јовановски од „Слобода превоз" вели дека веќе е одлучено авотбусите да ги паркираат на најголемите крстосници во метрополата.

„Тоа е одлука на приватните превозници, ќе повторам уште еднаш, 'Слобода превоз' не е во протест, протестираат приватните превозници, ние само го  пренесуваме тоа што тие го одлучуваат, бидејќи ние сме нивни претставници и застапници", вели Јовановски за Алфа телевизија.

Тој вели дека до овој момент допис за раскинување на договорот не пристигнал до нив. Смета дека градоначалничката не може да објави оглас каде што превозниците ќе се пријават индивидуално, затоа што, нагласува, тоа ќе биде  спротивно на прописите издадени од градскиот Совет.

Инаку, досега неколку пати Скопје се соочи со сообраќаен колапс откако дојде до недоразбирања меѓу Градот и превозниците. Во петокот тие со 200 автобуси дојдоа пред Град Скопје оставајќи ги автобусите по десните ленти од „Илинденска“, а за понеделник најавија блокада на  неколку крстосници во центарот на Скопје. Извесно е дека тоа ќе произведе сообраќаен хаос или колапс на сообраќајот во главниот град. 

 

Калоѓера не може да премолчи, не може да замиже пред историската вистина на Македонија, па затоа во својот живот се определил да македонствува.

повеќе

Слушањето како способност да го фокусираме вниманието на аудитивните дразби е важен аспект на нашиот живот и значително влијае на неговиот квалитет во сите сегменти.

повеќе

„Ќе дојде ден, кога пазарите отворени за трговија и размена на идеи, ќе бидат единствените борбени полиња“ - Виктор Иго

повеќе