Арсовска го стопира меѓународниот тендер за изградба на Бас рапид транзит

Градоначалничката на Скопје, Данела Арсовска го стопира меѓународниот тендер за изградба на Бас рапид транзит  (БРТ) во главниот град. Образложението на одлуката е дека проектот ќе трае предолго и оти се неопходни брзи и ефикасни решенија во делот на јавниот превоз, но и оти во проектот БРТ се регистрирани недостатоци и ризици по животната средина.

„Постапката е стопирана и поради тоа не се пристигнати понуди. БРТ е релативно непознат концепт за граѓаните на Скопје. Според анализите кои биле изготвени минатата година за потребите на Град Скопје се укажува на бројни недостатоци и ризици од проектот кои ќе имаат влијание врз животната средина, што во никој случај не смее да се дозволи. Како што знаете во моментов се водат преговори со ЕБРД и по нивното завршување граѓаните ќе бидат информирани за договореното“, велат од Град Скопје. 

Проектот БРТ се однесува на автобуско метро или превоз независен од останатиот сообраќај, кој беше претставен од поранешниот градоначалник Петре Шилегов како екстра брз, навремен и целосно еколошки систем кој е планиран во две траси, а зеленилото е предвидено да се дуплира, според она што тој го најави. Сега, со негово стопирање, се поништуваат уште два проекта, едниот за оптимизирање на градските линии, а другиот за одржливост на јавниот превоз, проекти тешки над милион евра.

 

Колку и да сакаме Украинците да добијат целосна правда, на ерата на славни војни, несомнени победи и чисти порази ѝ дојде крајот. 

повеќе

Македонскиот народ мора да ја заштити автокефалноста на својата Македонска православна црква - Охридска архиепископија, како еден од носечките елементи на неговиот идентитет, од сите загрозувања од Фанар, од СПЦ и другите меѓународни црковни и други чинители. Време е за нов Македонски црковно-народен собир, како во 1945 година.

повеќе

Сите политичари и безмалку сите новинари во Македонија, се со став дека нема или поточно не е можен план Б во преговарањето за влез во ЕУ со Бугарија.

повеќе