Aнима Мунди: Вардариште прекинува со заловување и стерилизирање кучиња поради студот

Здружението за заштита на животните „Анима Мунди" информира дека по најавата дека ќе протестираат пред стационарот Вардариште, од ЈП „Комунална хигиена" биле информирани дека поради екстремно ниските температури, нема да вршат заловување на бздомнни кучиња ниту стерилизирање.

Здружението за заштита на животни Анима Мунди известува дека ЈП Комунална хигиена Скопје им испратиле допис, дека престануваат со заловување на бездомните животни поради несоодветните услови и екстремно ниските температури.

„Почитувани, би сакале да ве информираме дека поради новонастанатите временски услови на екстремно ниски температури, службата за хуман третман на бездомните животни при ЈП Комунална хигиена – Скопје нема да врши заловување на бездомни кучиња на територијата на градот Скопје, односно хируршки интервенции (стерилизирање) врз веќе заловените кучиња што се наоѓаат во стационарот Вардариште. Оваа одлука ЈП Комунална хигиена – Скопје ја донесе со цел да се избегнат здравствените ризици и компликации кај овие животни, коишто би можеле да се појават доколку во ваквите временски услови се вршат хируршки интервенции врз нив“, пишува во соопштението на ЈП Комунална хигиена до Анима Мунди.

Од таму векат дека  одлучиле дека Анима Мунди се во право, бидејќи доколку се оперираат животните, кога ќе се пуштат директно ќе имаат компликации и кучињата ќе умрат, затоа што не можат да издржат постоперативен период на вакви временски неприлики. Од таму соопштија дека според програмата сите заловени животни треба да се стерилизираат и дека поради тоа додека не се затопли времето нема да се залувува на улиците на Скопје.

Од здружението за заштита на животни велат дека дописот го добиле како одговор на нивните реакции и најавата за протест против стационарот Вардариште, раководен од град Скопје и ЈП Комунална Хигиена.

„Очекуваме надлежните да се придржуваат во целост до оваа одлука затоа што во Вардариште нема греење, ниту соодветни услови за престој и третман на животните во зима,  а граѓаните ги  повикуваме да доколку видат заловување да не контактираат веднаш“, велат од Анима Мунди.

Kога веќе треба да се држи комбинирана настава, колку и да е комплицирана таа „равенка“, во неа не смее да се забораваат децата кои учат онлајн.

повеќе

Под менторство на овој истраен истражувач, научник и педагог, се развивале и се формирале многумина трудбеници и афирматори на македонското културно наследство.

повеќе

Ковидот нема да нѐ победи. Да зборуваме за раст и развој, за подобар и забрзан раст, за паметен и зелен развој.

повеќе