Анима мунди: Силувано е куче на кеј, полицијата не реагира!

Минатата недела, сред бел ден на кеј е мачено и силувано куче. Сведоци биле повеќе лица кои седеле на клупите од страната на Аеродром, кои реагирале, и веднаш повикале полиција, оставиле свои податоци, но полицијата откако дошла одбила да влезе во куќата во која се скрил силувачот на кучето, изјавуваат од Здружението на заштита на животни Анима мунди.

„Шокирани сме што се се случува во Македонија и што сѐ се толерира во нашето општество и бесни сме што полицијата, иако им е пријавено нема доволен интерес или механизми да влезе и изврши претрес и да спроведе истрага", изјавуваат од здружението.

Анима мунди потсеќаат дека ваков сличен случај имаше во Кочани каде силувачот кучињата ги носел во напуштени локации сексуално се изживувал и ги убивал. Здруженијата за заштита и локалното население го пријавиле случајот во полиција над  десетина пати, но покрај сите нивни напори лицето е повторно на слобода.

„Каква порака пренесуваме и колку сме безбедни кога социопат, зоофил и сексуален манијак слободно шета и силува животни на кеј". Адвокатскиот тим на Анима мунди контактира со сведоците и бараме најстрога казна и правда за злоставуваното куче. Бараме одговорност од полицијата и Агенција за храна и ветеринарство“, изјавуваат од здружението.

Kога веќе треба да се држи комбинирана настава, колку и да е комплицирана таа „равенка“, во неа не смее да се забораваат децата кои учат онлајн.

повеќе

Под менторство на овој истраен истражувач, научник и педагог, се развивале и се формирале многумина трудбеници и афирматори на македонското културно наследство.

повеќе

Ковидот нема да нѐ победи. Да зборуваме за раст и развој, за подобар и забрзан раст, за паметен и зелен развој.

повеќе