РЕАКЦИЈА

„Анима мунди“: Протест и кривични тужби доколку не запре убивањето во „Вардариште“

Изживувањето во скопскиот стационар „Вардариште“ со животните не запира, се убиваат кучиња со едноставен едностран заклучок дека се агресивни, реагираат денеска од Здружението за заштита на животни „Анима мунди“.

Од Здружението сметаат дека во овој турбулентен период како да се нашло соодветен миг за нивно масовно убивање.

„Во ’Вардариште’ се случува масакр - кучињата или се изгладнуваат и држат додека сами не умрат, или се убиваат, а речиси сите мали умираат од епидемии. За кучиња кои реагираме , кои се заловени, 2 месеци се држат во кафез во т.н. карантин како агресивни, 2 месеци без да излезат, да видат сонце, да бидат прошетани. Во такви услови и најмирното куче би полудело, овие кучиња трпат класично изживување и човечка тортура. 2 месеци држење куче во вакви услови е без исклучок кршење на законот за благосостојба на животните, а го кршат оние кои треба да бидат гарант за негово спроведување!“, велат од „Анима мунди“.

Иако потврдиле дека активистите би ги презеле, одговарале правно, сепак животните не им ги даваат да ги спасат. Надлежните од Агенција за храна и ветеринарство, како што велат, само си ја прфрлаат топката од еден на друг.

„Овој стационар е слика и прилика за насилноста, деструктивноста на нашиот град и држава. Животните се без глас, па затоа многу лесно се убиваат со ставање еден потпис на графата ’агресивно’. Најавуваме протест и кривични тужби доколку оваа седмица не ни бидат предадени животните од карантин и веднаш не запре убивањето кое се спроведува, како и ловењето на мали кучиња кои потоа до едно умираат во стационар!“, стои во реакцијата на „Анима мунди“. 

Kога веќе треба да се држи комбинирана настава, колку и да е комплицирана таа „равенка“, во неа не смее да се забораваат децата кои учат онлајн.

повеќе

Под менторство на овој истраен истражувач, научник и педагог, се развивале и се формирале многумина трудбеници и афирматори на македонското културно наследство.

повеќе

Ковидот нема да нѐ победи. Да зборуваме за раст и развој, за подобар и забрзан раст, за паметен и зелен развој.

повеќе