УТРЕ ПРОТЕСТ ВО ЃОРЧЕ ПЕТРОВ

Анима мунди: Полицијата заштити садист, полицајците и насилникот треба да бидат казнети

Бараме полицијата, Агенција за храна и ветеринарство и општина Ѓорче Петров итно да интервенираат, да ни бидат предадени живиот коњ и кучињата врз кои насилникот се изживува и кои ги држи за борби, соопштува невладината организација за заштита на животните Анима мунди.

Оваа организација за утре во 12 часот пред полициската станица во скопската општина Ѓорче Петров најавува протест и бара насилникот да биде зад решетки и казна за полицајците кои не постапиле соодветно, иако можеле и не го спасиле сега веќе мртвото животно.

Во Ѓорче Петров вчера во училишниот двор оставен е да умре коњ иако настанот бил пријавен во полицијата и во другите надлежни институции.

„Полицијата заштити садист, деликвент кој со денови измачувал коњ, го изгладнувал, чекал да умре во дворот на OУ „Димитaр Берoвски“ вo нaселбaта Ѓoрче Петрoв, со цел со него да нахрани кучиња чувани за борби, во дворот на училиштето.

Полицијата не го спречи деликвентот да го однесе повредениот, изнемоштен, преплашен коњ, иако ние обезбедивме ветеринар, превоз и понудивме згрижување на животното. Напротив, полицијата уште го советуваше да го изнесе од училиштен двор, за да не добие можност за пријава и казна. Полицајците беа збунети и телефоните им звонеа десетина пати во една минута. Веруваме дека добивале инструкции како да постапат.

Коњот заврши кај монструм и силеџија, иако ние сакавме и можевме да го спасиме, иако и наш адвокат им предочи на полицајците дека лично сведочат на кривично дело мачење на животните, извршено од лице кое чува кучиња за борби, што е уште едно кривично дело. За двете дела согласно Кривичниот закон на РМ се предвидени и казни затвор.

Полицијата не ги спречи силеџиите да искажуваат вербално насилство и да се закануваат со тупаници на активистите и само молчеа без да за тоа направат записник.

Полицијата ги евидентираше активистите, ги фотографираше и нив и нивното возило, што непосредно го толкуваме како обид за притисок. За насилникот кој го мачеше и уби коњот, кој во моментов поседува уште еден коњ кој треба да заврши како храна на неговите кучиња, не направи ниту записник.

Деликвентот кој има и име и презиме, заедно со својата багра насилници вчера вечер повторно го донесе коњот, овој пат мртов, со врзани екстремитети, мачен и убиен. Полицијата, иако дојде, не постапи во рамките на своите овластувања.

Вториот коњ е се уште кај насилникот и прашање е на часови кога ќе биде убиен како и првиот коњ“, соопшти Анима мунди.

Kога веќе треба да се држи комбинирана настава, колку и да е комплицирана таа „равенка“, во неа не смее да се забораваат децата кои учат онлајн.

повеќе

Под менторство на овој истраен истражувач, научник и педагог, се развивале и се формирале многумина трудбеници и афирматори на македонското културно наследство.

повеќе

Ковидот нема да нѐ победи. Да зборуваме за раст и развој, за подобар и забрзан раст, за паметен и зелен развој.

повеќе