„ДА НЕ СЕ ДОЗВОЛИ БИРОКРАТИЈАТА ДА ГО УБИЕ“

Анима мунди: Да се спречи убиство, да се дознае локацијата и да се одземе вториот коњ (ФОТО)

По трагичниот епилог на коњот чиј сопственик го мачеше и го изгладнуваше до смрт во Ѓорче Петров, со цел да стане храна за кучиња за борби, од Здружението за заштита на животни „Анима мунди“ апелираат да се реагира навреме и да се спаси вториот коњ. Бараат да не ја доживее истата судбина. 

 

„И покрај нашето инсистирање, да се одземе и вториот коњ од злоставувачите, коњот сѐ уште е во нивна сопственост. Откако се расчисти полицијата и откако екипи на ’Вардариште’ се повлекоа од дворот од училиштето ’Димитар Поп Геoргиев Берoвски’ во Ѓорче Петров, коњот бил натоварен во приколка и дислоциран некаде, дознаваме од сведоштва на соседите на овој монструм“, велат од „Анима мунди“.

Апелираат до институциите и надлежните да се дознае локацијата на вториот коњ и да се одземе.

„Да не се дозволи бирократијата да го убие и вториот коњ! Замолуваме, доколку било кој од вас има било каква информација за локација на животното, да не извести! Ветуваме дека вашите имиња нема да бидат споменати никаде! Истапете и кажете ни каква било информација, доколку ја имате!“, апелираат активистите.

Инаку, синоќа се појавија фотографии со првиот коњ како лежи мртов, врзан за нозете. Активистите побараа одговорност од надлежните структури, откако во средата беше обезбеден транспорт и инфузија, беше повикана полицијата да го одземе животното, но коњот, сепак, и вчера остана кај неодговорниот жител. За ова лице локалните сведоштва велат дека во својот двор чува 7 кучиња од расата пит бул, стафорд и кане корсо, а двата коња ги има земено со цел да послужат како жива храна за кучињата, за развивање агресивност. 

Трагичниот крај за коњот дојде откако активистите и локалните граѓани побараа од градоначалникот на Ѓорче Петров Сокол Митровски да постапи, да реагира, да го спаси коњот и да им го предаде. Се обратија и пратија претставка до Агенција за храна и ветерина, до директорот Зоран Поповски, за веднаш да постапат и да ги спасат животните во OУ „Димитaр Пoп Геoргиев Берoвски“.

Побараа од надлежните да обезбедат похуман третман, а забелешки стигнаа и до полицијата дека не презела ништо да се спаси коњот, не го спречиле ни насилникот вербално да им се заканува на активистите. Исто така, според информациите од терен и социјалните мрежи, закани од група локални граѓани што организирале борби со кучиња стигнале и до новинарката Јорданка Ивановска, која ја обелодени сторијата за измачуваниот коњ.

Б.Ш.

Kога веќе треба да се држи комбинирана настава, колку и да е комплицирана таа „равенка“, во неа не смее да се забораваат децата кои учат онлајн.

повеќе

Под менторство на овој истраен истражувач, научник и педагог, се развивале и се формирале многумина трудбеници и афирматори на македонското културно наследство.

повеќе

Ковидот нема да нѐ победи. Да зборуваме за раст и развој, за подобар и забрзан раст, за паметен и зелен развој.

повеќе