Александар Стојковски е нов директор на ЈСП Скопје

Александар Стојковски е нов директор на ЈСП Скопје. Откако пред една недела досегашниот директор Иван Илиевски даде оставка денеска градоначалничката Данела Арсовска на оваа функција го назначи Стојковски. Тој е дипломиран машински инжинер на Машинскиот факултет во Скопје. Има над 20 години работно искуство, а на во претпријатието е од пред околу четири години. 

„Градоначалничката Данела Арсовска на новиот директор му посакува успешна работа, да продолжи со досегашната успешна организациска поставеност на ЈСП, со грижата за вработените и да работи пред сè во служба на сите граѓани, воспоставувајќи одлуки кои ќе бидат во интерес за сите граѓани. ЈСП ќе продолжи со сите расположливи средства и ресурси да го опслужува јавниот превоз во интерес на скопјани. Уверени сме дека ќе продолжи домаќинското работење, оптимизацијата на трошоци и консолидирање на претпријатието, како еден од предусловите кон отпочнување на следната фаза до конечно исполнување на ветувањето на градоначалничката Арсовска за бесплатен јавен превоз", велат од кабинетот на градоначалничката Арсовска.

Одлучната изборна победа на италијанската десница овозможува нејзиниот лидер да биде првата жена премиер во Италија и прва која тврди дека недвосмислено има постфашистичко потекло.

повеќе

Нов фронт за работа на градежните фирми на веќе изградените згради (и куќи) треба да биде топлинската изолација.

повеќе

Во Македонија не постои никаква забрана за конверзиона терапија, а лиценцираните психолози што може да се јават како спроведувачи или наведувачи на ваква „терапија“, за жал, не сносат никакви последици.

повеќе