Абдул Селами, заменик-директорот на УЈП, со закани до градоначалничката Арсовска за избрканите 33 лица од Комунална хигиена

Данела, немој да мислиш дека си нашла ‘планина без волк’, па ќе можеш да правиш што сакаш, ѝ порача Абдул Селам Селами, заменик-директорот на Управата за јавни приходи, на градоначалничката на Скопје Данела Арсовска, по одлуката за прекин на договорите за 33 лица привремено вработени во ЈП Комунална хигиена-Скопје. Според соопштението на претпријатието тие со месеци и години земале плата, а не оделе на работа. Кратко по објавата Селами го избриша фејсбук-постот.

Абдул Селам Селами е член на владеачката Демократската унија за интеграција.

„Даноци на имот, плаќања за вода, за општинска хигиена, за паркови и зеленило – тоа се плаќања од истите граѓани, кои ТИ со ова твое владеење ги запоставуваш и ги третираш како граѓани од втор ред. Немате предвидено ниеден кадар-Албанец во дирекцијата, каде што раководи градот Скопје, па од неодамна почна и да отпушташ работници-Албанци од работа! Саламандии можеш да кажуваш во приватниот сектор, или во твојата компанија, од каде што доаѓаш, но НЕ и со народните пари на граѓаните на Скопје“, напиша Селами на фејсбук.

Постои нужна потреба од прилагодување на студиските програми, соодветните силабуси и наставниот курикулум на реалната потреба на пазарот на труд во државата.

повеќе

Во текот на оваа и претходната година, инфлацијата ја задуши македонската економија. 

повеќе

Одлучната изборна победа на италијанската десница овозможува нејзиниот лидер да биде првата жена премиер во Италија и прва која тврди дека недвосмислено има постфашистичко потекло.

повеќе