Пријавувањето е денес до 19 часот

111 пријавени за фаќање на крстот на Водици, до сега нема ниту една жена

Сто и единаесет граѓани се пријавени за учество во традиционалното положување на крстот во Вардар, што ќе се одржи на 19 јануари на Богојавление – Водици во центарот на Скопје. 

Се очекува до 19 часот кога ќе заврши пријавувањето во Македонската архиепископија, бројот да достигне околу 130.

Пријавените треба да бидат на возраст над 18 години. Досега меѓу пријавените нема жени. Кандидатите прво прават бесплатен лекарски преглед во Спортска медицина, кој е задолжителен, по што се пријавуваат во Македонската архиепископија, информираат од Скопската епархија.

Традиционалниот црковен чин положување на светиот крст во водите на реката Вардар, како што информираат од Скопската епархија, ќе се организира на 19 јануари од 11:30 до 12:30 часот на мостот „Слобода" кај хотелот „Холидеј Ин".

Првата богојавленска литија (поворка) е планирана од храмот „Св. вмч. Димитриј" во Скопје, преку Кејот кај Министерството за надворешни работи до мостот кај хот. „Холидеј Ин", а втората литија ќе почне од храмот „Рождество на Пресвета Богородица" во која ќе учествува и архиепископот охридски и македонски г.г. Стефан и ќе се движи по Кејот на Вардар и покрај МНР ќе пристигне на мостот.

Претходно, г.г. Стефан во 9 часот ќе богослужи Златоустова литургија во црквата „Рождество на Пресвета Богородица".

Освен во Скопје, крстови ќе бидат положени и во водите низ останатите скопски општини и градови во државава.

Празникот Водици се слави од вториот век и е поврзан со крштевањето на Исус Христос во водите на реката Јордан од страна на свети Јован, кој оттогаш се нарекува Крстител. Овој празник се нарекува уште и Водици, заради големиот водосвет што го извршува црквата на овој ден. Се верува дека тој што ќе го фати крстот ќе го следи благослов и среќа цела година.

Во повеќето земји во развој, ковид-19 предизвикува економски ураган.

повеќе

Бизнис заедницата која до пред некој месец постојано „трубеше“ како државата не треба да ѝ се меша во работата, веднаш почна да плаче за државна помош.

повеќе

Кога може оние кои пукаа по нас, оние кои ги убија Аце, Коки и Оливер да бидат на слобода, зошто не би бил помилуван и ти?

повеќе