РЕАКЦИЈА ПО СМРТТА НА МЛАДАТА МАЈКА ВО ПРИЛЕП

РОМА С.О.С: Загрижува се поголемиот број смртни случаи со родилки, проблемот е системски и се повторува

Здружението РОМА С.О.С. од Прилеп ја изразува својата сериозна загриженост за случајот на 21-годишната родилка Симона Блажеска која починала рано изутринава на одделението за гинекологија и акушерство при Општа болница Прилеп, односно 12 часа по „успешно изведениот пораѓај“ околу 13 часот во текот на вчерашниот ден, а како резултат на обилно крварење, стои во реакцијата на РОМА С.О.С. – Прилеп по смртта на младата мајка во болницата „Борка Талески“. 

Од Здружението се загрижени за се поголемиот број на смртни случаи на родилки. Изразуваат жалење за загубата на семејството и апелираат до надлежните институции во најскоро време да ги утврдат точните причини за смртта, а притоа порачуваат „да се побара одговорност од сторителите на ’грешката’“.

„’Успешно изведениот пораѓај’ - во 2010 година три родилки за период од три месеци починаа од сепса по што следуваа сериозни зафати за реконструкција на оддлелението и подобрување на условите за пациентките и нивните новороденчиња. Сите обвинети лекари завршиле со ослободителна пресуда, условна или парична казна, а на ниту еден лекар не му е одземена лиценцата или работото место. Во меѓувреме починаа и неколку новороденчиња под сомнителни околности кои не беа доволно актуелизирани во јавноста, а во 2014 година во период од неколку месеци гинеколошкото одделение ’остана’ без лекари-специјалисти, кога гинеколозите од Битола ја прекинаа соработката со болницата, а родилките беа препраќани за породување во Општина Битола. ’Грешката’ - се случува и ќе се случува се додека здравствениот систем ни нуди здравствена заштита и услови каде смртните случаи настануваат од непознати причини и околности“, стои во реакцијата на прилепското Здружение РОМА С.О.С.

Иако ова Здружение во својата работа се залага за остварување на правата од здравствена заштита на ромската популација, сега најавуваат дека ќе го мониторираат и случајот со младата родилка Симона.

„Ќе го мониторираме и овој случа преку јавно достапните информации и постапки на институциите, со оглед на тоа што проблемот е системски и во континуитет се повторува веќе шеста година. Вредноста на човечкиот живот не се мери според разлики и определби, а со оваа трагедија сите сочуствуваме, па затоа на семејството им ја нудиме својата консултативна поддршка доколку за тоа имаат потреба“, велат од Здружението.

Дали Борисов ќе го негира својот претходник, поранешниот премиер, генерал Рачо Петров и ќе продолжи да инсистира на заедничка историја која официјална Бугарија упорно настојува да ни ја подметне.

повеќе

Не треба да паднеме во замката која не втурнува во спиралата на континуирано себепоништување.

повеќе

Инвестицијата за изградба на автопатиштата Штип-Миладиновци и Кичево-Охрид повеќе личи на наш подарок за Кинезите, отколку на вистинска инвестиција.

повеќе