„Рома СОС“: Пресудата во корист на мајката чие дете почина во битолската болница е позитивен пример за судството!

„Донесената пресуда на Апелациoниот суд Битола во случајот на А.Ј. и Е.Ќ. е позитивен пример од исклучителна важност за судската пракса, имајќи во предвид дека станува збор за случај каде тужителите се повикаа на јуриспуденцијата на Европскиот суд за човекови права во Стразбург.", соопштија денеска од здружението „РОМА С.О.С." од Прилеп.

Од здружението објаснуваат дека во случајот станува збор за 20 годишна мајка од населбата Баир која во 2012 година се породила со машко дете на одделението за Гинекологија и акушерство при ЈЗУ Клиничка болница “Д-р Трифун Пановски” Битола. По два дена кај детето била забележана промена на бојата на телото и ставено било во инкубатор, а на родителите не им било дозволено да го видат и не им биле дадени информации  за здравствената состојба. Наредното утро добиле информација дека детето починало од непознати причини. Но телото не им било вратено на родителите.

Од „Рома СОС“, потенцираат дека најпрво тужбата против битолската болница била одбиена од судот, но дека Апелациониот суд Битола го усвоил барањето на тужителите.

„Апелациониот суд во Битола по жалбата донесе пресуда со која битолсаката болница ќе треба да им плати на родителите износ од 30.000,00 денари со законска казнена камата, поради што болницата со новороденчето, постапила како со медицински отпад, и родителите им е оневозможиле да го знаат последното почивалиште како да ги извршат верските должности со што е повреден чл.8 од Европската конвенција за човековите права“ соопштија од „Рома СОС“

Од здружението известија дека до Врховниот суд е поднесена и ревизија бидејќи се смета дека досудениот надомест е премногу мал со оглед на сторената повреда на правата на тужителите, иако повеќе од сигурно е дека ниту еден износ нема да ги поправи пропуштањата и грешките направени од здравствената установа.

„Веруваме дека примената на Европската конвенција за заштита на човековите права во македонското судство ќе има влијание во иднина за превземање определени општи и посебни мерки  во смисла на правно регулирање на вакви ситуации и оневозможување истите да се повторат во иднина“, велат од здружението.

 

Дали Борисов ќе го негира својот претходник, поранешниот премиер, генерал Рачо Петров и ќе продолжи да инсистира на заедничка историја која официјална Бугарија упорно настојува да ни ја подметне.

повеќе

Не треба да паднеме во замката која не втурнува во спиралата на континуирано себепоништување.

повеќе

Инвестицијата за изградба на автопатиштата Штип-Миладиновци и Кичево-Охрид повеќе личи на наш подарок за Кинезите, отколку на вистинска инвестиција.

повеќе