Скопската Сеизмолошка опсерваторија измери:

Земјотресот што го стресе Скопје имал магнитуда од 3,5 степени по Рихтер

Земјотресот што попладнево ги вознемири скопјани бил со сила од 3,5 степени според Pихтеровата скала, а е почувствуван во градот со интензитет од 4 до 5 степени според Европската макросеизмичка скала. (Eвропската скала го мери интензитетот на потресот врз зградите и ефектот на вознемиреност на луѓето, а Рихтеровата ја мери развиената енергија со потресот).

Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје соопшти дека земјотресот почувствуван попладнево бил со Рихтерова магнитуда од 3,5 степени.

Според податоците со кои располага Сеизмолошката опсерваторија, земјотресот најсилно бил почувствуван од граѓаните во Скопје со интензитет од четири до пет степени според Европската макросеизмичка скала.

Земјотресот беше почувствуван во 14:09 часот, а по него следуваше уште еден со послаб интензитет. Епицентарот на земјотресот бил на девет километри источно од Скопје.

Програмата за вакцинација во Бугарија може исклучиво да се окарактеризира како фијаско. 

повеќе

Вакцинирањето преку ред, слабата стратегија и лошата комуникација со јавноста ги обележаа првите месеци на вакцинирање во Хрватска која во моментов е близу дното на ЕУ во однос на процентот на вакцинирана популација. 

повеќе